Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што јадеме? 1/3 од европските житарки содржат пестициди
Македонија

Што јадеме? 1/3 од европските житарки содржат пестициди

29/10/2023

AA

Новиот извештај објавен од „Фудвоч“ со наслов „Темната страна на житариците“ ја истакнува прилично загрижувачката состојба со житариците и сите преработени производи што содржат пестициди во Европа.

Во извештајот се наведува дека 37 отсто од производите на база на житарки во Европа содржат остатоци од пестициди, при што откриени се вкупно 65 различни пестициди (вклучувајќи го и глифосат). Тоа значи дека една третина од тестираните производи содржеле остатоци од пестициди.

Во текот на студијата, спроведена меѓу 20 трговци на мало во некои земји на ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Франција, Холандија и Швајцарија, беа тестирани различни видови житарки, вклучувајќи брашно и леб.
Поточно, испитани се 2.234 примероци, од кои 837 содржеле еден или повеќе пестициди. Од вкупно 1215 откриени остатоци, 18 од 14 примероци ги надминале максималните граници на остатоци (LMRs).

Најзагадени житни култури

Оваа широко распространета контаминација варира во голема мера од една до друга житарка, со помалку од 10 проценти од примероците на спел и ‘рж кои покажуваат остатоци од пестициди, додека овој процент скока на речиси 90 проценти за основните производи од пченица.

Повисоко ниво на контаминација е забележано кај брашното, овесот и лебот отколку кај непреработените житарки. Лебот и кифличките (бел и интегрален) беа тестирани главно во Северна Ирска, при што речиси 90 отсто од примероците содржеа пестициди.

Уште поалармантни податоци доаѓаат од Германија, каде 45 отсто од употребените пестициди се концентрирани на одгледување пченица и јачмен. Оваа широка употреба на пестициди во житните култури претставува сериозна закана за биолошката разновидност, климата и квалитетот на почвата.

Широката употреба на пестициди во житарките е главна пречка на патот кон одржливо и еколошко земјоделство во ЕУ, забележува италијанското специјализирано издание „Гринме“. „Патот кон одржливо и еколошко земјоделство во ЕУ неизбежно оди преку житни производи без пестициди“, рече Јерг Рохведер, извршен директор на Foodwatch.

Одговорноста на супермаркетите

Клучна точка наведена во извештајот е улогата на супермаркетите во синџирот на производство на храна.
Супермаркетите сакаат да даваат добри еколошки ветувања, но многу од нивните производи – од леб до тестенини – се произведуваат со употреба на огромни количини на штетни пестициди како што е глифосат. Компаниите не сакаат да зборуваат за оваа темна страна на житарките.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ПОВТОРНО ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ: Митовски најавува мега-ѕвезда за

05/05/2026
Македонија

МИТОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Народот е разочаран од системот, се раѓа простор

05/05/2026
Македонија

МИТОВСКИ: Не го давам СДСМ, премногу жртвувавме за слободата во

05/05/2026
Македонија

Митовски: Реални се најавите за предвремени избори, СДСМ мора да

05/05/2026
Македонија

Митовски: Случајот со возилото е измислен, МВР се користи за

05/05/2026
Македонија

Митовски: Проблемот со кравите се решава за една недела, но

05/05/2026
Македонија

Цеков бара широк национален консензус: „За идентитетот и јазикот нема

05/05/2026
Македонија

Цеков: Европа нема да ни го исчисти ѓубрето, ниту ќе

05/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43097
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy