Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шкендија се збогува со репрезентативецот Бејтулаи, кој е пред промоција во Тирана
Спорт

Шкендија се збогува со репрезентативецот Бејтулаи, кој е пред промоција во Тирана

16/06/2023

AA

Бившиот македонски првак Шкендија и официјално се збогува од својот репрезентативец Егзон Бејтулаи, откако вчера и официјално му заврши соработката со црвено-црните, а тој е пред промоција во екс-албанскиот првак Тирана.

Бејтулаи кој во Шкендија дојде како младинец од Тетекс уште пред една деценија, одигра 304 меча, беше капитен и заменик капитен на тимот во својот период во црвено-црниот дрес и освои три шампионски титули и два трофеи во Купот на Македонија.

Шкендија му се заблагодари на Бејтулаи за сиот придонес и му посака среќа во новите предизвици. Тој според последните информации веќе има договор со Тирана, а ќе биде промовиран после репрезентативните активности со македонската селекција.

Инаку Бејтулаи беше дел од златната младинска генерација на Македонија која играше на Еуро 2017, а потоа и дел од сениорскиот состав со историскиот настап на Еуро 2020.

Од Шкендија летово веќе си заминаа иконата на клубот Ферхан Хасани, кој направи трансфер во Хелсингор, како и од пред неколку дена Љупчо Дориев по три сезони минати во црвено-црните по доаѓањето од Академија Пандев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy