Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој граничар да оди на полиграф за да се спречи корупцијата,вели националниот координатор Пивоваров
Македонија

Секој граничар да оди на полиграф за да се спречи корупцијата,вели националниот координатор Пивоваров

06/03/2024

AA

Сивата економија почнува на границата, а од спречувањето на корупцијата на граничната линија зависи и опстојувањето на државата. Ако се има предвид дека според проценките на Светска банка 36 отсто од националниот БДП отпаѓа на сивата економија, тоа се милијарди евра чие оданочување би обезбедило стотици милиони евра во државниот буџет. Тоа го истакна Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, на денешната прес-конференција на зборуваше за планираните активности на новоформираниот Национален совет за гранично управување.

Пивоваров ја искористи можноста пред медиумите да посочи и дека корупцијата на границата претставува закана и по безбедноста на државата, па и на земјите од опкружувањето.

– Доколку на границата има еден корумпиран цариник, полицаец, кои за одредена сума пропуштат шлепер со оружје, дрога, автобус со терористи, тоа претставува закана по националната бебедност на државата и земјите од опкружувањето, рече тој.

Националниот координатор за гранично управување меѓу другото рече дека спроведните анализи во институцијата укажале на потреба од полиграфска контрола на службениците во органите за контрола на границата, односно контрола на чесноста на поединците.

– Дури планираме и самиот полиграфист одреден период да биде ставен на полиграфска проверка, за да следи ефектот од проверките. Во куси црти, планираме да ги избегнеме сите можности од какво било влијание и за прв пат во нашата држава да спроведеме чесен, професионален процес што навистина ќе ја реши корупцијата на граничната линија, која мислам дека во овој момент е најголемата закана по нашата држава, рече тој, притоа посочуваќи дека новоформираната институција би требало да биде под контрола на Собранието, за да се оневозможи политичко или какво било друго влијание врз службите задолжени за спречување на корупцијата на границата.

За да се увидат сите аспекти и подготвеноста на државата и институциите за спроведување на проектот за справување со корупцијата на границата, Национален совет за гранично управување ќе спроведе јавни дебати со инволвирани и засегнати субјекти од сите општествени сфери.

Веќе наредната седмица ќе се одржи дебата со научната фела, со експерти и професори по правни науки, по што ќе следуваат средби со автобуски превозници и претставници на Стопанската комора, потоа со невладиниот сектор и со фактори од меѓународната заедница, а завршната средба ќе биде со претставници на политичките партии.

Што се однесува на казнивоста на субјектите вмешани во коруптивни активности, Пивоваров нагласи дека долгите и лошо водени истраги, како и судските постапки со изречени условни казни за корумпираните службеници, негативно влијаат врз борбата против корупцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy