Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се сретнаа Путин и Кадиров, објавени детали, шефот на НАТО ненадејно дојде во Киев
Македонија

Се сретнаа Путин и Кадиров, објавени детали, шефот на НАТО ненадејно дојде во Киев

28/09/2023

AA

Рускиот претседател Владимир Путин во Москва го прими чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Тие разговараа за меѓусебните односи и за состојбите на бојното поле. Кадиров на видеото не покажува знаци на здравствени проблеми, иако неодамна имаше шпекулации дека е во болница со опасни по живот состојби, што чеченскиот лидер го негираше.

„Динамиката на развојот на Чеченија се движи во позитивна насока во голема мера благодарение на вас и вашиот тим. Вашите луѓе работат посветено. Дел од сето тоа е резултат на блиската соработка со руската влада. Имаме цела серија сериозни програми и задачи“, изјави Владимир Путин, рускиот претседател.

„Пред да почнеме да зборуваме за Чеченската република, би сакал да ви покажам што правевме на територијата на специјалната воена операција од почетокот до денес. Дури би се пофалил со хуманитарната страна на сè и со извештаите од бојно поле. Вашиот тим има добри резултати. Секој ден земаат заробеници и уништуваат воени возила“, рече Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер.

НАТО склучи рамковни договори за 2,4 милијарди евра клучна муниција за Украина, вклучително и 1 милијарда евра нарачки, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на ненајавената посета на Киев, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека таквите договори ќе им овозможат на членките на НАТО да ги надополнат своите исцрпени залихи додека ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со муниција, клучен фактор во војната.

Столтенберг ги осуди и руските напади во близина на границата на Украина со членката на НАТО Романија. Тој рече дека нема докази дека таквите напади се намерен напад врз Романија, но ги означи како „непромислени“ и „дестабилизирачки“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy