Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се очекува Бајден да собере повеќе од милијарда долари за својата кампања за реизбор
Македонија

Се очекува Бајден да собере повеќе од милијарда долари за својата кампања за реизбор

29/04/2023

AA

Американскиот претседател Џозеф Бајден им се заблагодари на некои од неговите најголеми донатори кога ја започна својата реизбор-кампања и се очекува дека ќе треба да собере над милијарда долари за да обезбеди втор мандат.

„Поради вас стојам овде сега. И поради вас, овој пат ќе победиме“, рече Бајден на митингот вчера во хотел во Вашингтон.

Таа викенд-конференција не беше наведена како собирање средства и не е јасно колку од присутните дадоа чекови за кампањата на Бајден. Собирот беше најавен како стратешки состанок на 150 главни донатори и собирачи на средства кои потоа ќе се обратат до нивните мрежи за да помогнат во финансирањето на кампањата на Бајден во следните 18 месеци.

Присутни беа и некои од најистакнатите гувернери на Демократската партија – Гевин Њусом од Калифорнија, Вес Мур од Мериленд и Фил Марфи од Њу Џерси и други пратеници блиски до американскиот претседател.

„Ние се уште се бориме за душата на земјата“, рече Бајден, повторувајќи ја својата порака од кампањата во 2020 година кога го победи републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој тогаш се кандидираше за втор мандат.

Веројатно трката ќе се повтори и на претседателските избори следната година, бидејќи според анкетите Трамп води во републиканската претседателска номинација.

Советниците на Бајден и неговиот претседател на кампањата денеска ќе ги информираат учесниците за стратегијата на кампањата пред трката во 2024 година. Во вторникот Бајден официјално објави дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИСТИ МЕКОРМИК НОМИНИРАНА ЗА НОВ АМБАСАДОР НА САД ВО МАКЕДОНИЈА

10/11/2026
Македонија

ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА НА СДСМ НЕМА ДА УСПЕАТ, БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е

10/11/2026
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46687
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy