Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се истражува смртта на новородените близначиња од Прилеп
Македонија

Се истражува смртта на новородените близначиња од Прилеп

20/01/2025

AA

Јавниот обвинител при Основното јавно обвинителство во Прилеп, Стевчо Биноски, изјави дека чека наод од обдукцијата на новороденчињата, како и документација од болницата и службата за итна помош. По добивањето на овие податоци, ќе бидат побарани искази од сите засегнати страни.

Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) презема вонреден инспекциски надзор во прилепската болница „Борка Талески“ за да ги утврди причините за смртта на машкото и женското бебе. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, информираше дека е издаден налог за проверка на сета релевантна документација поврзана со случајот. Според најавите, извештајот од инспекцијата ќе биде подготвен веќе утре.

Од Центарот за социјални работи соопштија дека нивна екипа повторно го посетила домот на младите родители во селото Славеј за да ја процени состојбата во домаќинството каде моментално се другите три деца на семејството.

Случајот започнал во четвртокот, кога родителите побарале итна медицинска помош бидејќи новороденчињата биле во тешка здравствена состојба. Машкото бебе починало во домот, додека девојчето, кое било во состојба на хипотермија, било итно пренесено во болницата. Таму, и покрај вложените напори за реанимација и затоплување, состојбата на бебето се влошувала и завршила со смрт истиот ден во 13 часот.

Основното јавно обвинителство, заедно со извештајот од инспекцискиот надзор, ќе продолжи да го истражува случајот за да се утврдат околностите и евентуалната одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАМИОН УДРИЛ ВО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Со тешки повреди е пренесено

04/11/2026
Македонија

НАЈДЕНО ТЕЛО ПОКРАЈ ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ, ДРУГО ВО НЕГО Полиција ги

04/11/2026
Македонија

ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ГО ДОЗНААТ СВОЕТО ПОТЕКЛО?

04/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО САД: По Зохран Мамдани, Абдул Ел-Сајед станува

04/11/2026
Македонија

ОБЕЗБЕДЕН ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Значаен напредок

04/11/2026
Македонија

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АУТИЗАМ ВО СКОПЈЕ Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“

04/11/2026
Македонија

СДСМ КРЕВА ПАНИКА ЗА ДА ПАДНЕ ЦЕНАТА НА АЛТА БАНКА

04/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46559
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАМИОН УДРИЛ ВО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Со тешки повреди е пренесено во Клиничкиот центар

04/11/2026

Шестгодишно дете е тешко повредено откако во него удрил камион. Настанот се случил на 03.11.2026 попладне. Во 16:30 часот во

НАЈДЕНО ТЕЛО ПОКРАЈ ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ, ДРУГО ВО НЕГО Полиција ги уврдува причините за трагедијата кај

04/11/2026

Две безживотни тела се пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село кај Богданци. Едното е на

ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ГО ДОЗНААТ СВОЕТО ПОТЕКЛО? Се разгледуваат измени во Законот

04/11/2026

Предлог-измените на Законот за семејството, со кои се предлага да се овозможи пристап до информации за потеклото на посвоените лица

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy