ОБЕЗБЕДЕН ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Значаен напредок во третманот на оваа болест во Македонија
Сите пациенти со цистична фиброза во Македонија за кои постои соодветна медицинска индикација ќе имаат пристап до современата модулаторна терапија „трикафта“, информираат од Клиниката за детски болести во видеообјава на својот профил на Фејсбук.
Станува збор за вкупно 126 пациенти на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми за примена на оваа современа, таргетирана терапија.
Од Клиниката посочуваат дека обезбедувањето на лекот претставува значаен напредок во третманот на цистичната фиброза во Македонија и ќе овозможи современ пристап во лекувањето на пациентите кај кои терапијата е медицински оправдана.
.
Извор: plusinfo.mk