ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО САД: По Зохран Мамдани, Абдул Ел-Сајед станува првиот муслиман избран за сенатор во американската историја – „Иншалах вечерва можеме да го претвориме во Алхамдулилах“
Нов историски момент во американската политика. Демократот Абдул Ел-Сајед оствари победа во сојузната држава Мичиген, со што стана првиот муслиман во историјата на САД избран за член на американскиот Сенат.
Неговиот успех доаѓа по историската победа на Зохран Мамдани во Њујорк, кој стана првиот муслиман избран за градоначалник на најголемиот американски град. Со победата на Ел-Сајед, муслиманите добиваат историско претставништво и во еден од најважните политички институти на САД.
Во обраќањето пред поддржувачите, Ел-Сајед изрази гордост и чест што ќе го претставува Мичиген во американскиот Сенат.
Особено внимание привлече делот од неговиот говор во кој се повика на својата вера и на неизвесноста за време на изборната трка.
„Можеби забележавте дека секогаш велев ‘Иншалалах’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога го споменував исходот од оваа трка. Но вечерва, можеме да го претвориме тоа ‘Иншалалах’ во ‘Алхамдулилах’“, изјави тој, предизвикувајќи аплауз и емоции кај присутните.
Ел-Сајед е син на египетски имигранти, а претходно работел во областа на јавното здравство во Мичиген. Во својата кампања се залагаше за подостапно здравство, намалување на трошоците за живот и ограничување на влијанието на големите корпорации врз политиката.
Од Њујорк до Мичиген, победите на Мамдани и Ел-Сајед отвораат ново поглавје во американската политика и го зголемуваат присуството на муслиманите во највисоките политички институции на САД./Novina