СДСМ КРЕВА ПАНИКА ЗА ДА ПАДНЕ ЦЕНАТА НА АЛТА БАНКА Бизнисмен близок до кланот Заеви сака евтино да ја преземе
Дали Венко Филипче и СДСМ со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДСМ, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДСМ и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДСМ, Филипче и до кланот Заеви. Филипче и СДСМ со притисокот кон НБРМ и Алта банка создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Целта на СДСМ и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
„Доказ што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од Кривичниот законик. Филипче и СДСМ прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника, а позади тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните да бидат спокојни, сè додека премиер е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат, се додава во соопштението.
.
Извор: plusinfo.mk