СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му се воведат мерки на претпазливост на гувернерот
СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во врска со случувањата со Алта банка АД Битола.
Кривична пријава е поднесена и против други службени и одговорни лица во Народната банка.
– Во пријавата, Трајко Славески и пријавените лица се теретат за „Несовесно работење во службата по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 што ја дале согласноста за влез на Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија – изјави Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.
.
Извор: plusinfo.mk