УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува со над 80 километри на час
Силен јужен ветер, кој на места повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час, се очекува во текот на утрешниот ден, под влијание на јужно воздушно струење. Истовремено, температурите ќе бидат значително повисоки од просечните за овој период од годината, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР посочуваат дека ветерот ќе биде особено изразен на одделни места, каде што повремено ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час.
И во Скопје се очекува засилен јужен ветер, кој ќе биде со умерен до засилен интензитет. Температурите во главниот град, како и во останатите делови од земјата, ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.
.
Извор: plusinfo.mk