Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до оштетениот кабел, екипите на Електродистрибуција ја санираат мрежата
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до оштетениот кабел, екипите на Електродистрибуција ја санираат мрежата

12/11/2026

AA

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на подземната среднонапонска мрежа. Жителите се соочија со нефункционални лифтови и греење, а дел од нив беа загрижени и за семејствата со мали деца и повозрасните станари. Од Електродистрибуција за Плусинфо информираат дека интервенцијата била отежната бидејќи оштетениот дел од мрежата се наоѓал под скеле поставено од приватен инвеститор на соседното градилиште.

Прекинот започнал во средата, 11 ноември, околу 13 часот. Според сведоштвата на станарите, дефектот бил пријавен веднаш, но во текот на денот добивале различни информации за причината и времето кога ќе биде воспоставено снабдувањето.

Од Електродистрибуција велат дека нивните екипи веднаш излегле на терен и го лоцирале дефектот, но пристапот до местото на интервенцијата бил отежнат.

– Дефектот се наоѓа под скеле поставено од приватен инвеститор кој изведува градежни работи на нова зграда. Во координација со приватниот инвеститор е договорено да се отстрани скелето со цел да се овозможат слободен пристап и безбедно работење на теренските екипи на компанијата – велат од Електродистрибуција за Плусинфо.

Според компанијата, екипите во моментот на испраќање на одговорот работеле на финалните зафати за целосна санација на дефектот, по што снабдувањето со електрична енергија требало целосно да се нормализира.

Станарите претходно за Плусинфо раскажаа дека првичните процени биле оти струјата ќе биде вратена околу 21 или 22 часот, но тоа не се случило. Во текот на ноќта, според нив, биле известени дека е откриен дополнителен дефект и дека санацијата ќе продолжи утрото.

Тие посочија дека поради прекинот останале без греење и лифтови, а во една од зградите, според нивните сведоштва, не функционирало ниту осветлувањето за итни излези.

Дополнителна загриженост предизвикала неизвесноста околу времето на отстранување на дефектот, особено кај семејствата со бебиња и мали деца и кај повозрасните жители.

Дел од станарите најавија колективен приговор до ЕВН и надлежните институции, барајќи објаснување за долготрајниот прекин и околностите во кои се одвивала интервенцијата.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46738
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност

12/11/2026

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување,

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД НЕДОСТИГ НА ПРАВДОЉУБИВОСТ Граѓаните се

11/11/2026

Лошите резултати во правосудството не се поради буџетот на судството и обвинителството, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Јас можам да

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „Соработуваме со ЕУ,

11/11/2026

Исламскиот Младински Форум реагира на информацијата дека Кривичниот суд во Каиро, Египет, ја прогласи оваа граѓанска организација од Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy