ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС До сабота топло, потоа постудено и дождливо
Времето утре ќе биде променливо облачно, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се симне до 6 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со максимална температура од 21 степен.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, а во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 80 километри на час.
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

.
Извор: plusinfo.mk