Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Само Тричковски победи, Стојчевски со Жилина прими „петарда“!
Спорт

Само Тричковски победи, Стојчевски со Жилина прими „петарда“!

27/07/2023

AA

По Доријан Бабунски и Милан Ристовски кои забележаа победа, односно реми со своите екипи во второто квалификациско коло од Конференциската лига, вечерва уште четворица македонски интернационалци ги одиграа натпреварите во своите клупски дресови, но со многу лош биланс – една победа и три порази.

Триумфално помина единствено АЕК Ларнака на Иван Тричковски, на гостувањето кај Жодино од Белорусија, славејќи со 3-2. АЕК имаше водство и од 3-0, но домаќините тргнаа да изедначуваат и успеаја двапати да ја најдат целта. Македонскиот напаѓач влезе во игра во 75. минута.

Од трите порази, најтежок беше оној на Андреј Стојчевски со Жилина, на гостувањето кај Гент, со 1-5. Младинскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар во јадрото на одбраната на Жилина, но ни тој ни неговите колега не беа баш ефективни. Жилина го заврши мечот со десетмина, откако во 73. минута исклчен беше Јаворчек. Куриозитетно е тоа што влезе во игра во 64. минута, во 68. го доби првиот жолт картон, а пет минути подоцна му беше покажен излезот од теренот.

Со 1-3 дожиеа и Тирана на гостувањето кај Бешикташ. Беше 2-0 за турскиот гигант, Тирана намали на 2-1, но во судиското продолжение капитулира и третпат одбраната со Дино Најдовски во неа, па задачата во Албанија, во реваншот, ќе биде уште потешка.

Најподнослив беше поразот на Залаегершег, со 0-1 на гостувањето кај Осјек, но Даниел Миловановиќ остана на клупа. Претходно, Спартак Трнава на Милан Ристовски одигра 1-1 кај Ауда во Летонија, а Дебрецен славеше со 1-0 кај Алашкерт во Ерменија, при што Доријан Бабунски се истакна како асистент за победничкиот гол.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy