Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Само еден патник ја преживеа авионската несреќа во Јужен Судан
Македонија

Само еден патник ја преживеа авионската несреќа во Јужен Судан

29/01/2025

AA

Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужен Судан достигна 20. Само едно лице преживеало, објави Ројтерс, пренесува БТА.

Меѓу загинатите се двајца кинески државјани и еден Индијец.

Авионот полетал од областа на нафтено наоѓалиште во северната сојузна држава Јунити кон главниот град Џуба. Набргу по полетувањето се урнал, изјави регионалниот министер за информации, Гатвеч Бипал.

Патниците биле работници на нафтената компанија „Грејтер Пајонир Оперејтинг Компани“ (Greater Pioneer Operating Company) – конзорциум кој ги вклучува Кинеската национална нафтена корпорација и државната Нилска нафтена корпорација.

Бипал не даде повеќе детали за околностите кои довеле до несреќата.

Првично, медиумите објавија дека загинале 18 лица, но подоцна Бипал изјави за Ројтерс дека починале уште две лица.

Во последните години во Јужен Судан се случија неколку авионски несреќи. Во септември 2018 година, 19 лица загинаа при уривање на мал авион кој летал од Џуба до градот Ирол. Во 2015 година, десетици патници загинаа кога транспортен авион од руско производство падна набргу по полетувањето од главниот град на Јужен Судан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВОЗОВИТЕ: Се пушта линијата Скопје –

14/07/2026
Македонија

Виралната слика од лет над Охридското Езеро е дигитална манипулација

14/07/2026
Македонија

ГОЛЕМ ЗАСТОЈ: Километарска колона на патарина на патниот правец Тетово

14/07/2026
Македонија

Двајца мажи од Студеничани репетирале пиштол и се заканувале кон

14/07/2026
Македонија

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва

14/07/2026
Македонија

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со

14/07/2026
Македонија

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026
Македонија

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони

14/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy