Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА НА СПОРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ Во „Лотарија“ и претходно се разговарало за проширување на дејноста
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА НА СПОРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ Во „Лотарија“ и претходно се разговарало за проширување на дејноста

21/10/2026

AA

Управниот одбор на АД Државна лотарија не донел посебна одлука за набавка на видео-лотариските терминали (ВЛТ), а потребата од нивна набавка не била посебна точка на дневниот ред, сведочеше денеска Христо Најданов, поранешен член на Управниот одбор на Државна лотарија, на судското рочиште за случајот „Лотарија“.

Најданов, кој бил член на Управниот одбор од 2017 година до 2 февруари 2024 година, посочи дека одлука за набавката на ВЛТ не била донесена во периодот во кој тој бил член на ова тело. Сепак, рече дека за проширување на дејноста на компанијата и за организирање електронски игри на среќа се разговарало и во периодот кога директорка била Катица Николовска Парнакова.

Одговарајќи на прашања од Јавното обвинителство за неговиот ангажман и за начинот на именување во претпријатието, Најданов појасни дека на функцијата бил поставен од Владата како партиски кадар.

– Во Државна лотарија бев член на Управниот одбор, именуван од Владата. Мислам дека првиот мандат ми започна во 2017 година, некаде во август, иако не сум сигурен за точниот датум. Вториот мандат ми беше продолжен до февруари 2024 година, поточно до 2 февруари 2024 година, колку што се сеќавам – рече Најданов.

Прашан на кој начин бил избран и која партија го предложила, сведокот посочи дека бил предложен од партијата ДОМ, како коалициски партнер во власта.

– Претпоставувам дека и другите членови беа предложени од своите политички партии. Не можам со сигурност да кажам за секој поединечно, но сметам дека најчесто се применуваше истиот начин на избор – рече Најданов.

Во врска со раководните структури, Најданов наведе дека во неговиот прв мандат директорка на Државна лотарија била Катица Николовска Парнакова, додека подоцна функцијата ја извршувал обвинетиот Перпарим Бајрами.

Говорејќи за начинот на работа на Управниот одбор, сведокот нагласи дека во првиот период седниците се одржувале со физичко присуство, додека од 2021 година практиката се променила.

– Подоцна, приближно од 2021 година, дневниот ред и дел од материјалите почнаа да ни се доставуваат електронски. Во некои случаи имавме доволно време да ги разгледаме, а во други не. Се случуваше материјалите да бидат испратени наутро, а од нас да се очекува да се произнесеме до попладне. Можам да зборувам за себе: понекогаш немав доволно време студиозно да ги разгледам материјалите. Колку што се сеќавам, одговорите на членовите најчесто беа позитивни. Немавме секогаш можност да се обратиме до надлежните служби за дополнителни објаснувања, особено кога стануваше збор за прашања за кои не сите членови имаа доволно познавања – изјави сведокот Најданов, додавајќи дека таквата практика продолжила сè до неговото заминување.

За постапката за набавка на ВЛТ-терминалите во текот на 2023 година, Најданов истакна дека првично имало потреба од формирање ново друштво за организирање електронски игри на среќа. На прашањето дали Управниот одбор расправал за потребата од набавка на терминалите, сведокот одговори „колку што се сеќавам, тоа не беше посебна точка на дневен ред”.

Во врска со ставот на поранешната директорка Катица Николовска – Парнакова за проектот, Најданов рече дека не знае од кои причини таа била резервирана.

– Не можам точно да кажам од кои причини директорката Катица не сакала да го започне овој проект и зошто била резервирана во однос на него. Тоа не ми е лично познато – рече Најданов.

Сведокот рече дека за набавката на ВЛТ-терминалите дознал од медиумите, но не можеше да се сети точно кога.

– Пред извесно време, повторно од медиумите, дознав дека терминалите не се во функција. Не знам што точно се случувало со нив, кога биле набавени или каков е нивниот статус – посочи Најданов.

Одговарајќи на прашања од одбраната на првообвинетиот Перпарим Бајрами, сведокот потврди дека имал доверба во стручните служби на Државна лотарија, вклучувајќи ги правната служба и секторот за финансии. Како причина за довербата во правната служба ја посочи работата на раководителката, која, според него, ги образложувала и ги аргументирала прашањата.

На прашањето дали како член на Управниот одбор преземал ризик потпирајќи се на доставените материјали, тој одговори потврдно.

– Да. Претпоставувам дека сите сме преземале одреден ризик во однос на материјалите што ни беа доставувани, односно ризик од одговорност – рече Најданов.

Посочи дека Управниот одбор одлучувал за финансиските извештаи, плановите и програмите на компанијата, додека Надзорниот одбор требало да врши контрола. Во однос на тоа дали набавката на нови ВЛТ-апарати била предвидена во финансискиот план за соодветната година, рече дека смета оти било предвидено да се преземат активности во таа насока.

Во текот на испитувањето, одбраната му го презентираше и записникот од неговиот претходен исказ пред Јавното обвинителство, даден на 10 февруари 2026 година. Најданов потврди дека потписите на записникот се негови, по што беше прочитан дел од претходниот исказ во врска со организирањето електронски игри на среќа.

На сите обвинети во предметот „Државна лотарија“ им се става на товар кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, извршено со набавката на ВЛТ терминали за Држабна лотарија, кја, според Обвинителството, била незаконска.

Првообвинет во предметот е поранешниот генерален директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, а второобвинет е поранешниот вицепремиер Артан Груби. Во предметот се обвинети уште 7 лица, членови на Управниот одбор.

Груби минатата недела излезе од домашен притвор по истекот на максималниот законски рок за траење на оваа мерка. Тој во февруари годинава се врати во Македонија по повеќе од 14 месеци во бегство и беше приведен на граничниот премин Блаце.

Тиј вера за СДК.мк изјави дека за сведоци во суд ги предложил сите министри присутни на владината седница на 6.6.2023 година на седницата со која тој раководел, а на која била донесена одлуката да се набават спорните терминали за Државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра.

На таа седница не биле само тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашните министри: Славјанка Петровска, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, кои биле заменувани од нивните заменици.

За сведоци Груби ги предложил тогашните: вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ (СДСМ), вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ), вицепремиер за добро владеење Славица Грковска (СДСМ), ресорните министри за: надворешни работи Бујар Османи (ДУИ), за финансии Фатмир Бесими (ДУИ), за правда Кренар Лога (Алијанса за Албанците), за здравство Фатмир Беким Сали, за информатичко општество и администрација Азир Алиу (Алијанса за Албанците), за животна средина и просторно планирање Каја Шукова (СДСМ), за труд и социјална политика Јована Тренчевска (СДСМ), за транспорт и врски Благој Бочварски (СДСМ), за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска (СДСМ), за образование и наука Јетон Шаќири (ДУИ), за економија Крешник Бектеши (ДУИ), за локална самоуправа Ристо Пенов (ЛДП), како и замениците-министри за внатрешни работи, за одбрана и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се

21/10/2026
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46300
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на неговите наоди, Обвинителството му ја

21/10/2026

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје заврши сослушувањето на

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи појасни надлежности и ревизија на

21/10/2026

Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ),

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат коритото кај Гостивар

21/10/2026

Спасувачки тимови на Дирекцијата за заштита и спасување ја пребаруваат реката Вардар во гостиварскиот регион по исчезнато лице за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy