Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи појасни надлежности и ревизија на секои 5 години
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи појасни надлежности и ревизија на секои 5 години

21/10/2026

AA

Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите на државната управа.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека државата мора да излезе од моделот во кој институционалната структура е под влијание на дневнополитички договори, создавајќи преклопени надлежности, непотребни административни бариери и нејасна одговорност за резултатите.

– Повеќе од две децении, државната управа се соочуваше со последиците од фрагментирање на институциите и создавање структури без доволно јасно оправдување за нивното постоење. Кога надлежностите се преклопуваат, одговорноста се разлева, а цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните и стопанството. Тоа мо а да се промени. Институциите не смеат да бидат инструмент за задоволување партиски или бирократски интереси – истакна Минчев.

Во рамки на своето излагање, тој истакна дека со предложеното законско решение се отвора важен процес на уредување на институционалната поставеност на државата, со јасно разграничени функции и правила што ќе овозможат поефикасно спроведување на јавните политики.

– Организацијата на државата мора да произлегува од потребите на граѓаните, функционалноста на институциите и јавниот интерес. Со ЗОРОДУ воспоставуваме основа за систем во кој надлежностите се јасно определени, а институционалната поставеност има своја оправданост и конкретна цел – нагласи Минчев.

Нацрт-законот предвидува прецизирање на односите меѓу Владата, министерствата, органите во нивниот состав, самостојните органи на државната управа и управните организации.

Се утврдуваат критериуми за основање и функционирање на органите, а за самостојните органи се предвидуваат јавна евиденција и функционален и организациски преглед најмалку еднаш во 5 години.

Со тоа се создава механизам за периодично преиспитување на институционалната поставеност и нејзината усогласеност со реалните потреби.

– Втората суштинска промена е во начинот на кој ја разбираме институционалната одговорност. Секоја надлежност мора да биде јасно утврдена, секоја институција да има определена функција, а јавните ресурси да се користат одговорно и рационално. На граѓаните им должиме систем во кој постапувањето е предвидливо, законито и професионално – истакна министерот.

На отворената јавна дискусија учествуваа претставници на академската заедница, дипломатскиот кор, институциите, граѓанските и синдикалните организации.

Преку консултативниот процес, велат од Министерството, се овозможува стручната јавност и сите заинтересирани страни да ги разгледаат предложените решенија и да придонесат кон нивно унапредување со аргументирани предлози.

Дополнително, Нацрт-законот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со рок од 30 дена за консултации.

ЗОРОДУ е дел од реформската агенда на Министерството за јавна администрација, кое се залага за унапредување и професионализација на административната служба и воспоставување пофункционален систем на државна управа.

„Преку координирани реформи и соработка со институциите и стручната јавност, Министерството останува посветено кон создавање администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе придонесе за поефикасно функционирање на државата“, порачуваат од Министерството за јавна админситрација.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се

21/10/2026
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46300
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на неговите наоди, Обвинителството му ја

21/10/2026

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје заврши сослушувањето на

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА НА СПОРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ Во „Лотарија“

21/10/2026

Управниот одбор на АД Државна лотарија не донел посебна одлука за набавка на видео-лотариските терминали (ВЛТ), а потребата од нивна

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат коритото кај Гостивар

21/10/2026

Спасувачки тимови на Дирекцијата за заштита и спасување ја пребаруваат реката Вардар во гостиварскиот регион по исчезнато лице за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy