Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на неговите наоди, Обвинителството му ја оспорува стручноста
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на неговите наоди, Обвинителството му ја оспорува стручноста

21/10/2026

AA

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје заврши сослушувањето на вештакот Петре Русески, кој го изработил градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во текот на повеќе рочишта, Обвинителството ги оспоруваше неговите заклучоци за градежните интервенции во објектот, документацијата и условите за евакуација, додека Русески остана на ставот дека од градежен аспект немало реконструкција или пренамена, туку внатрешно ентериерно уредување и занаетчиски работи.

На денешното рочиште, Русески одговараше на вкрстени прашања на одбраната, по што некои од нив изнесоа и свои забелешки на неговиот исказ.

Одбраната на „Венци проект“, како забелешка наведе дека документот бил верификуван од Виктор Апостолов,  додека „Венци проект“ и Милка Едровска немале овластување и лиценца за вршење работи од областа на архитектурата, поради што не можеле да потврдат проект изработен од друго лице – проектант или архитект.

Одбраната на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, од своја страна, истакна дека вештакот потврдил оти состојбата на објектот не била причина за настанувањето и последиците од пожарот, дека објектот бил изграден согласно одобрението за градење и дека по неговото издавање бил во владение на закупецот.

На следното рочиште, како што е најавено, треба да биде сослушано вешто лице предложено од одбраната на обвинетата Милка Едровска – инженерка од фирмата „Венци Проект“.

Русески, во својот исказ пред Судот, тврдеше дека закупецот на просторот – Дејан Јованов не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста, дека објектот бил изграден согласно одобрението за градење, а дека при промената на дејноста во 2012 година не била извршена градежна реконструкција или пренамена, туку ентериерно уредување изведено врз основа на техничката документација од друштвото „Венци проект“.

Обвинителството, пак, отвори прашања за опфатот на неговото вештачење, безбедносните аспекти на објектот и претходните професионални ангажмани. Русески изјави дека не смета оти постои основ за негово изземање, откако обвинителството го оспори неговиот ангажман, со оглед дека е обвинет за лажен исказ за друг случај.

За време на вкрстеното испрашување од страна на Обвинителството, вештакот Петре Русески, остана на ставот дека од градежен аспект објектот не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за ентериерно уредување. Според тврдењата на вештакот Русески, објектот од самиот почеток е проектиран и изведен за деловна намена, што според Законот за градење го прави ист вид на објект и по неговото приспособување во дискотека.

Откако Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот на вештакот Петре Русески, отворајќи прашања за неговото образование, познавањето на Законот за градење, одбраната реагираше со приговори и најави дека доколку вештите наоди на Обвинителството и на одбраната не се совпаднат, ќе побара изработка на супервештачење за конкретната област.

Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно од загинатите деца, во име на семејствата, изрази поддршка за Јавното обвинителство и за неговото постапување при вкрстеното испитување на вештакот на одбраната, оценувајќи дека со нив на претходното рочиште биле изнесени на виделина сериозни противречности во неговиот исказ.

Наунов посочи дека е важно стручните тврдења да се засноваат на објективни и проверливи сознанија и порача дека судската постапка не е само за утврдување правна одговорност, туку и борба за вистината и правдата за 63-те загинати.

– Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати – изјави Наунов.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се

21/10/2026
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46300
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА НА СПОРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ Во „Лотарија“

21/10/2026

Управниот одбор на АД Државна лотарија не донел посебна одлука за набавка на видео-лотариските терминали (ВЛТ), а потребата од нивна

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи појасни надлежности и ревизија на

21/10/2026

Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ),

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат коритото кај Гостивар

21/10/2026

Спасувачки тимови на Дирекцијата за заштита и спасување ја пребаруваат реката Вардар во гостиварскиот регион по исчезнато лице за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy