Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЀ ПОМАЛКУ И ПОМАЛКУ НЕВРАБОТЕНИ – нов пад на лицата кои бараат работа, годината ја завршивме со рекорд
Економија

СЀ ПОМАЛКУ И ПОМАЛКУ НЕВРАБОТЕНИ – нов пад на лицата кои бараат работа, годината ја завршивме со рекорд

24/01/2025

AA

Најновите
податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека последниот месец од
минатата година сме ја завршиле со најмал број на невработени граѓани во
последниве години. Имено на бројот на невработени се намалил на само 96.828 лица,
и уште 44.118 други лица кои бараат работа.

За споредба, на
почетокот на 2024 година, или во месец јануари имаше 105.803 невработени граѓани,
и уште 46.881 други баратели на работа.
Неколку месеци дури имаше и раст на
невработените, па нивниот број се покачи на 106.618 невработени и 47.273 лица
кои бараат работа. Но, потоа следеше бран на постојано намалување на невработените
граѓани кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со што на крајот на
годината е достигнат нов „пик“.

Аналитичарите на Институтот
за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во нивниот последен макроекономски
монитор укажаа дека намалувањето на невработенсота е позитивен сигнал, и
потенцираа дека најголем дел од новите работни места се создадени во земјоделскиот сектор
и во индустријата.

– 
Невработеноста во третиот
квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12,3 отсто. Во овој квартал
продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид
дека се креирани близу 7.000 нови работни места, а активноста на населението се подобри (52,6 проценти).

Сепак, забележливо е дека
најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата,
додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови
работни места
, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот
квартал и во однос на истиот квартал од 2023– нагласуваат од „Фајненс тинк“.

Податоците на
Агенцијата за вработување покажуваат дека меѓу невработените има и 20 доктори
на науки, 564 магистри на науки, како и скоро 6.000 граѓани со високо образование
кои се во потрага по работа.

Убедливо најголем
група на граѓани без работа се оние кои имаат и најниско образование, односно
категорија на граѓани кои се без образование или само со основно образование.
Таму има дури 59 илјади трагачи по работа,
додека со непотполно средно
образование работа бараат скоро осум илјади граѓани. Голем број граѓани со
завршено средно образование исто така се борат да најдат работа, туку има дури
22.811 лица кои бараат работа.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
Македонија

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената

04/11/2026
Македонија

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски

04/11/2026
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до

04/11/2026
Македонија

ВИКЕНДОВ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА Во некои котлини ќе има

04/11/2026
Македонија

КАМИОН УДРИЛ ВО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Со тешки повреди е пренесено

04/11/2026
Македонија

НАЈДЕНО ТЕЛО ПОКРАЈ ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ, ДРУГО ВО НЕГО Полиција ги

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46565
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Извештај на Европската комисија

04/11/2026

Северна Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за трагедијата кај Богданци

04/11/2026

Само 17 години имала девојката чие изгорено тело беше пронајдено во запален автомобил во близина на местото „Ичева чешма“ во

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената академија ја прифати иницијативата на

04/11/2026

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy