Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата

04/11/2026

AA

Северна Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка, се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, што официјално ќе биде претставен попладнево во Брисел.

Во документот се додава дека клучните реформи поврзани со ЕУ е неопходно да се спроведат.

„Северна Македонија ја задржа целокупната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската воена агресија врз Украина, со што испрати силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон ЕУ и се покажа како доверлив партнер“, пишува во извештајот.

Во документот се наведува дека земјава продолжила да работи на комплетирање на сите потребни документи за исполнување на критериумите за отворање на кластерот 1 („Основи на процесот на пристапување“), но се додава дека не бил постигнат напредок во однос на усвојувањето на релевантните уставни измени, според Заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

„Северна Македонија продолжи со спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, при што се состанаа и неколку заеднички тела предвидени со оваа спогодба. Меѓу нив беше и Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој одржа состанок во април 2026 година – првпат по 2021 година“, се наведува во извештајот.

Натаму се наведува дека земјава одржала добри односи со другите земји опфатени во процесот на проширување и продолжила со своето учество во регионалните иницијативи.

„Постоечките билатерални договори со соседните земји треба да бидат спроведени со добра волја од сите страни, вклучително и Преспанскиот договор со Грција, како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“, пишува во документот.

Во извештајот се вели дека владината коалиција останува стабилна.

Напредок е постигнат во однос на реформите за локална самоуправа, иако сè уште се очекува клучната легислатива.

Во однос на реформите во јавната администрација, во извештајот се нотира дека Македонија е умерено подготвена во оваа област. Напредок е постигнат во проширувањето на опфатот на е-услуги и надградувањето на системот за електронско управување на документите.

„Во областа на правосудството и основните права, Македонија има умерено ниво на подготвеност во примена на аки-то (acquis) и во европските стандарди во оваа област. Во целост, напредокот во оваа област е ограничен. Земјата постигна напредок во развојот на патоказот за владеење на правото, со која се утврдуваат заложбите за наредните години во однос на понатамошното усогласување со правните текови на ЕУ и зајакнувањето на институционалните капацитети“, се наведува во извештајот.

Документот нотира дека Македонија не постигнала напредок во борбата против корупцијата.

„Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка и нема постигнато напредок во превенцијата и борбата против корупцијата. Корупцијата и понатаму е распространета и претставува прашање од сериозна загриженост. Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година во однос на кривичните дела злоупотреба на службената положба и криминално здружување не ги решаваат соодветно штетните ефекти од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност“, се вели во извештајот.

Во документот се истакнува дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да ја засили проактивната идентификација на потенцијални случаи на лошо постапување.

„Случаите на корупција на високо ниво и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата на неказнивост“, пишува во извештајот.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји кандидати за членство во Европската Унија.

Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите кандидати, најпрвин ќе им биде претставен на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент. Потоа постојаните известувачи на АФЕТ ќе подготват посебни резолуции за секоја земја, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пат кон членство во Унијата.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
Македонија

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди

04/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
Македонија

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената

04/11/2026
Македонија

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски

04/11/2026
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46568
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА Најавен нов

04/11/2026

Од 2027 година и возилата на Министерството за внатрешни работи ќе служат за откривање и констатирање сообраќајни прекршоци на местата

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Нема отстапки за уставните измени

04/11/2026

Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди дека нема деловна поврзаност со

04/11/2026

Поранешниот претседател, Стево Пендаровски реагираше на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој го праша дали гради зграда

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy