Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
  ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до пациентите
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до пациентите

04/11/2026

AA

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување.

Целта на засилените контроли, се вели во соопштението, е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот.

Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество.

Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување.

„Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства“ – се вели во соопштението.

Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата.

„Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација.

Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи.

Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон.

Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор. Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет“ – се вели во соопштенито на ФЗО.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
Македонија

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената

04/11/2026
Македонија

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски

04/11/2026
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до

04/11/2026
Македонија

ВИКЕНДОВ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА Во некои котлини ќе има

04/11/2026
Македонија

КАМИОН УДРИЛ ВО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Со тешки повреди е пренесено

04/11/2026
Македонија

НАЈДЕНО ТЕЛО ПОКРАЈ ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ, ДРУГО ВО НЕГО Полиција ги

04/11/2026
Македонија

ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ГО ДОЗНААТ СВОЕТО ПОТЕКЛО?

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46564
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за трагедијата кај Богданци

04/11/2026

Само 17 години имала девојката чие изгорено тело беше пронајдено во запален автомобил во близина на местото „Ичева чешма“ во

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената академија ја прифати иницијативата на

04/11/2026

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски прашува од каде им се

04/11/2026

Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy