Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „РЕПЛЕК“ ОТКРИ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО СЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ – еве во кои проекти ќе се вложат средствата
Економија

„РЕПЛЕК“ ОТКРИ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО СЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ – еве во кои проекти ќе се вложат средствата

22/01/2025

AA

Сериозна објава преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност стигна од домашната фармацевтска компанија „Реплек“.

Имено, тие планираат во следниве три години, односно од 2025 до 2027 година, да инвестираат сума од 13 милиони евра, и тоа во дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови, односно бројни проекти во тој домен, а кои треба да го обезбедат планираниот раст на компанијата. 

„Во согласност со посветеноста на Реплек АД на раст, иновации и глобална експанзија, компанијата ја продолжува својата инвестициска стратегија насочена кон дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови за вработените. Оваа стратегија има за цел да го поддржи очекуваниот годишен раст од 25 отсто.

Преку овие инвестиции, компанијата ќе ги зајакне своите напори за проширување на портфолиото на производи, зголемување на пазарното учество и дополнително зацврстување на својата конкурентска позиција на пазарот.

За реализација на планираните инвестиции, Реплек АД обезбеди финансиска рамка во износ од 13 милиони евра, која е соодветно обезбедена. Овој капитал ќе го поддржи спроведувањето на планираните инвестициски проекти во периодот 2025-2027 година“, се вели во објавата на компанијата до инвеститорската јавност преку Берзата. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45313
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy