Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТИМЕ НА ДИЈАЛОГ СО БУГАРИЈА ЗА ШТО ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ Муцунски ги повтори македонските позиции
Македонија

РАБОТИМЕ НА ДИЈАЛОГ СО БУГАРИЈА ЗА ШТО ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ Муцунски ги повтори македонските позиции

06/11/2026

AA

Дијалогот што во моментот се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија, а македонските позиции се јасни и принципиелни – истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис, во врска со изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека се работи на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски рече дека процесот се одвива и на европско ниво со поддршка и од земјите членки.

– Во однос на прашањето со Бугарија, мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментот работиме на дијалог за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки – изјави Муцунски.

Тој повтори дека позициите на македонската страна се јасни и принципиелни и дека сите разговори што се водат во моментот, како и оние во изминатите две години, се засноваат на ставови што јасно им биле претставени на европските партнери.

– Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментот, како и оние што сме ги воделе во последните една-две години, се базирани на позиции што прилично јасно им ги претставивме на нашите европски партнери – рече Муцунски.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на прес-конференцијата во Брисел на 4 ноември, по претставувањето на пакетот за проширување, на новинарско прашање за ангажманот на Европската комисија во надминувањето на отворените прашања меѓу Скопје и Софија одговори дека ЕК прави многу за односите меѓу двете земји, но дека не кажува сè.

– Ние правиме доста за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но не кажуваме сè – изјави тогаш Кос.

На прашањето зошто нејзиниот ангажман не е повидлив во помагањето на Македонија и Бугарија да ги надминат отворените прашања, Кос посочи дека постојат активности што Европската комисија ги презема, но не ги објавува во јавноста.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во средата пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија посочувајќи ги Хрватска и Црна Гора како позитивен пример за решавање на отворените прашања преку дијалог.

Тој оцени дека билатералните прашања не треба да го попречуваат напредокот во пристапниот процес и дека единствениот излез од ќор-сокакот е владите во Скопје и Софија да седнат на иста маса и да разговараат. Вајц потсети дека уставните измени се однесуваат на вклучувањето на малцинствата и апелира до Кос да помогне во поттикнувањето на дипломатскиот дијалог.

Муцунски во денешниот одговор не прецизира колку би траел дијалогот, ниту дали во рамките на разговорите се очекуваат конкретни рокови, туку повторно ги истакна поддршката од европските партнери и принципиелните позиции на македонската страна.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити

06/11/2026
Македонија

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕАГИРА ЗА ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА АЛТА БАНКА

06/11/2026
Македонија

РАБОТИМЕ НА ДИЈАЛОГ СО БУГАРИЈА ЗА ШТО ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД

06/11/2026
Македонија

ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ

06/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000

06/11/2026
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има

06/11/2026
Македонија

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар

06/11/2026
Македонија

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46617
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити податоци за странци

06/11/2026

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на Слупчане, кој како матичар во Управата за водење на матичните книги,

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕАГИРА ЗА ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА АЛТА БАНКА Филипче и СДСМ вршат саботажа

06/11/2026

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, го повика Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас и

ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ Полицијата потврди дека Азманов го

06/11/2026

Познатиот бизнисмен Зоран Азманов утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Нападот го пријавил во полиција, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy