Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има во Тетово и во Куманово
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има во Тетово и во Куманово

06/11/2026

AA

 

Во Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември се пријавени 116 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 90,2 отсто во однос на претходната недела, кога биле регистрирани 61 случај, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во споредба со истиот период од минатата сезона, кога биле регистрирани 94 заболени лица, бројот на случаи е зголемен за 23,4 отсто.

Најмногу заболени во текот на изминатата недела се пријавени во Тетово – 48, Куманово – 26 и во Скопје – 13. Во Прилеп и во Гостивар се регистрирани по 8 случаи, во Охрид и во Неготино по 3, во Струмица, Велес и Битола по 2, а во Радовиш еден случај.

Според возрасните групи, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години – 84 лица, додека 25 се постари од 65 години, а 7 се деца на возраст од пет до 14 години.

Од почетокот на сезоната 2026/2027 вкупно се регистрирани 343 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Најголем број заболени, вкупно 127, се регистрирани во Тетово.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ во последната извештајна недела биле тестирани 47 примероци, од кои 4 биле позитивни на вирусот на грип, а еден на коронавирусот SARS-CoV-2.

Од Институтот посочуваат дека и покрај зголемувањето на бројот на случаи активноста на грипот сè уште е на меѓусезонско ниво и не е достигнат епидемиолошкиот праг за почеток на сезоната на грип.

Од ИЈЗ препорачуваат избегнување близок контакт со лица што имаат симптоми на респираторни инфекции, како кашлање, кивање и покачена телесна температура, како и избегнување престој во простории со многу луѓе.

Меѓу препорачаните мерки се редовно миење на рацете со вода и сапун или користење средство за дезинфекција, често проветрување на просториите, соодветно облекување и консумирање доволно течности. Се препорачуваат и разновидна исхрана богата со витамини и минерали, доволно сон, одмор и физичка активност.

За лицата што ќе заболат од грип, ИЈЗ препорачува да останат дома, да избегнуваат контакти со други лица и да внесуваат доволно течности. При кашлање и кивање треба да ги покриваат носот и устата, да одржуваат хигиена на рацете и да носат заштитна маска при контакт со членовите на домаќинството.

Лицата постари од 65 години, оние со хронични заболувања, како и лицата кај кои симптомите се влошуваат или траат повеќе денови, треба да побараат лекарска помош.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата е најефикасната заштита од сезонски грип, особено за ризичните групи, во кои спаѓаат лицата над 65 години, децата на возраст од шест до 59 месеци, лицата со хронични заболувања, бремените жени и здравствените работници.

Вакцинацијата во Македонија започна на 21 октомври и се спроведува во центрите за јавно здравје, нивните подрачни единици и здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се врши преку интернет-страницата www.vakcinacija.mk.

Досега се вакцинирани 11.629 лица од ризичните категории.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000

06/11/2026
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има

06/11/2026
Македонија

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар

06/11/2026
Македонија

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради

06/11/2026
Македонија

ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е СТРАТЕШКО ПРАШАЊЕ ШТО НАДМИНУВА МАНДАТ НА

06/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла

05/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46613
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000 поплаки за 9 месеци, регистирани

06/11/2026

Повеќе од 1.400 лица биле жртви на кривични дела поврзани со семејно насилство во првите девет месеци од годинава, покажуваат

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар заверил фалсификуван документ

06/11/2026

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради инфраструктура, се гради иднината на

06/11/2026

Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy