Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар заверил фалсификуван документ
Македонија

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар заверил фалсификуван документ

06/11/2026

AA

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда.

За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата.

Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица.

Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да ѝ се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар.

Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да ѝ се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг.

Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил парите, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има

06/11/2026
Македонија

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар

06/11/2026
Македонија

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради

06/11/2026
Македонија

ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е СТРАТЕШКО ПРАШАЊЕ ШТО НАДМИНУВА МАНДАТ НА

06/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла

05/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46612
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има во Тетово и во Куманово

06/11/2026

  Во Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември се пријавени 116 случаи на грип и заболувања слични

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради инфраструктура, се гради иднината на

06/11/2026

Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е СТРАТЕШКО ПРАШАЊЕ ШТО НАДМИНУВА МАНДАТ НА ЕДНА ВЛАДА Иницијативата 12:05 бара

06/11/2026

Организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ оценуваат дека европската иднина на Македонија не смее да биде предмет на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy