МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити податоци за странци
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на Слупчане, кој како матичар во Управата за водење на матичните книги, во период од четири години, наводно внесувал невистинити податоци и изготвувал лажни изводи за склучени бракови на странски државјани.
Според пријавата, И.З. (66), во својство на службено лице – матичар во месната заедница во селото Слупчане, во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 година внесувал невистинити податоци во службената евиденција и изготвувал невистинити изводи.
Во документите прикажувал дека странски државјани наводно склучиле брак пред него, иако, според сомненијата наведени во кривичната пријава, таквите податоци биле невистинити.
Против него е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.
.
Извор: plusinfo.mk