Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПСЖ го суреди Нант, историја за Мбапе – најдобар стрелец во историја на клубот! (ВИДЕО)
Спорт

ПСЖ го суреди Нант, историја за Мбапе – најдобар стрелец во историја на клубот! (ВИДЕО)

05/03/2023

AA

Пари Сен Жермен го суреди Нант со 4-2 за 20-та сезонска победа, загревање за супердербито со Баерн во среда во Минхен, но мечот на крајот го одбележа француската суперѕвезда Килијан Мбапе кој ја завери победата и испиша историја – стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Мбапе на само 24 години веќе запиша 201 гол и го надмина досегашниот рекордер Единсон Кавани со погодокот во 92-та минута од мечот, за да го крене „Паркот на принцовите“ на нозе и навивачите на „светците“ да го извикуваат неговото име.

ПСЖ ја најави победата со гол на Лионел Меси и автоголот на Хаџам после шут на Нуњо Мендеш за 17 минути, но брзо Нант се врати и тоа благодарение на пацерски гол што го прими Џиџо Донарума, откако Блас во 31-та погоди безмалку од мртов агол, а Ганаго потоа по корнер израмни во 37-та.

Данило Переира во 60-та ја врати предноста, а голманот Лафонт потоа спречуваше сѐ што шутнаа парижаните кон неговиот гол со низа бравурозни интервенции, па Мбапе стави печат во судиското надополнување.

ПСЖ со победата сега дојде до 63 бода, 11 повеќе од првиот конкурент за титулата Олимпик Марсеј, кој има и меч помалку.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy