Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протести во Кочани и на патот Битола–Ресен: Гуми запалени, сообраќајот блокиран!
Македонија

Протести во Кочани и на патот Битола–Ресен: Гуми запалени, сообраќајот блокиран!

03/02/2026

AA

Попладнево се одржаа два протести во различни делови на земјава, предизвикувајќи нарушувања на јавниот ред и сообраќајот.

Во кочанската населба Трајаново Трло, граѓани изразија револт поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола. На улицата „Цветан Димов“ беа запалени гуми, но по кратка и тензична интервенција, пожарникарите и полицијата го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот. Надлежните институции најавија дека ќе постапат соодветно, бидејќи ваквиот начин на искажување револт претставува кривично дело и нарушување на јавниот ред и мир.

Истовремено, група граѓани попладнево го блокираа патниот правец Битола–Ресен, предизвикувајќи целосен прекин на сообраќајот во двата правци. Околу 300 лица во 16:30 часот го затворија патот А-3 кај местото познато како Ромска населба. Протестот се одвива со поставување и палење гуми на коловозот, како реакција на одземањето на три возила од страна на полицијата. Возачите се принудени да користат алтернативни патни правци додека трае блокадата.

Демонстрантите ја изразуваат незадоволството од измените во Законот за сообраќај, а на терен се присутни полициски екипи кои го регулираат сообраќајот и обезбедуваат безбедност на учесниците и останатите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy