Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДОЛЖУВА ПРИТИСОКОТ НА СДСМ ВРЗ ТВ АЛФА Партијата поднесе кривична пријава
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ПРИТИСОКОТ НА СДСМ ВРЗ ТВ АЛФА Партијата поднесе кривична пријава

16/04/2026

AA

СДСМ продолжува со притисок врз ТВ Алфа откако денеска генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ соопшти дека поднел кривична пријава против сопствениците на телевизијата.

Тој соопшти дека поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги.

Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик, како и управителите на „Таргет Медиа“ и на „Алфа Скоп“ ДОО.

Според наводите на СДСМ, од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Овие средства наводно биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и реклами со компании кои немаат реална економска активност на македонскиот пазар. Преку т.н. „shell“ компании се заобиколувале законите за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање.

Според Димитријевиќ, Финансиската полиција веќе констатирала дека се работи за „сомнителни маркетиншки услуги“ со цел прикривање на потеклото на парите, а за ова веќе имало започната постапка.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy