Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓанските иницијативи со повеќе гласови од „ЗНАМ“ и Левица, но без место во Изборниот законик
Македонија

Граѓанските иницијативи со повеќе гласови од „ЗНАМ“ и Левица, но без место во Изборниот законик

16/04/2026

AA

Десет независни граѓански иницијативи упатија барање до министерот за правда Игор Филков да бидат вклучени во работната група што го изработува новиот Изборен законик, реагирајќи дека досегашниот процес се одвива без нивно учество.

Тие посочуваат дека работната група веќе одржала три состаноци, на кои биле повикани исклучиво претставници на политичките партии застапени во Собранието, иако, како што велат, изборниот процес ги засега и независните листи и други политички учесници.

Независните граѓански листи кои учествуваа на Локалните избори 2025 година, според податоците од Државната изборна комисија, освоија вкупно 58.607 гласови, со што се позиционираат како петта политичка сила во државата. Овој резултат е повисок од освоените гласови на партиите Левица и ЗНАМ.

На средба со министерот, претставници на повеќе независни иницијативи, меѓу кои „Шанса за Центар“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку Битола“ и други, оценија дека е неразбирливо зошто во процесот не се вклучени и граѓанските листи, кои настапуваат на избори под истите правила како и партиите.

„Ќе поднесеме барање за учество на наш претставник во работната група за Изборниот законик. Законот важи за сите нивоа на власт, па сметаме дека мора да има поширока вклученост“, изјави Билјана Ивановска од „Шанса за Центар“.

Во своите барања, независните иницијативи посочуваат и дека измените на Изборниот законик од март 2024 година, со кои беше зголемен прагот за собирање потписи, подоцна беа укинати од Уставниот суд, што, според нив, создало правна несигурност и нејасни правила за учество на избори.

Тие бараат во новиот закон јасно да се дефинира статусот на независните листи и нивно точно именување на гласачкото ливче, наместо сегашната формулација „група избирачи“, со цел поголема препознатливост кај гласачите.

Дополнително, предлагаат намалување и усогласување на прагот за собирање потписи со европските стандарди, продолжување на рокот за собирање потписи, како и обезбедување рамноправен пристап до државното финансирање и политичко рекламирање, кое досега е речиси целосно достапно за партиите.

Според нив, постојниот модел на распределба на државни средства создава нерамнотежа, бидејќи и партии со минимална поддршка добиваат финансии, додека независните листи немаат еднаков пристап.

Од иницијативите велат дека нивните предлози се насочени кон поголема транспарентност, фер изборни правила и зајакнување на демократските процеси, како на локално, така и на државно ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46063
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години СДСМ ја ограбуваше Македонија, а

08/10/2026

Опозицијата не е алтернатива за Македонија, туку политичка структура која седум години ја ограбувала државата, ја понижувала и ја распродавала

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски најави разговори и со Бугарија

08/10/2026

Македонија постигнала билатерални договори и решенија со Хрватска, со Швајцарија и со Романија за олеснување на движењето на професионалните возачи,

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy