Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и АХВ во акција, семејството ги бркаше кравите кон планинските предели!
Македонија

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и АХВ во акција, семејството ги бркаше кравите кон планинските предели!

25/02/2026

AA

Обидот на институциите да стават ред со добитокот што со месеци слободно се движи низ кривопаланечкиот регион денеска прерасна во тензична и динамична акција на терен. Наместо мирно прибирање на животните, ситуацијата ескалираше со расправии, трчање по ридовите и физички турканици, пренесува Телма.

Во Крива Паланка инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, со асистенција на Министерство за внатрешни работи, се обидоа да ги приберат кравите кои подолг период се движат без контрола. Дел од животните беа лоцирани и натоварени кај помошниот објект во близина на градскиот базен.

Сепак, акцијата не помина без отпор. Членови на семејството на сопственикот се обидуваа да ги оттурнат кравите од инспекторите и да ги насочат кон планинските предели. Меѓу најгласните беше Јулија Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот, која трчаше по стадото обидувајќи се да го спречи нивното одземање. Во еден момент, службени лица се обидоа да ја сопрат, но ситуацијата дополнително се вжешти.

Според информациите од терен, од вкупно околу 500 грла добиток, денеска биле заловени само десетина, додека останатите и понатаму слободно се движат низ околните ридови и пасишта.

Тензиите кулминираа со турканици, откако дел од службениците пријавиле дека биле физички попречувани при извршувањето на задачата. Од друга страна, сопственикот Гоце Ѓорѓиевски изјави дека нема спор со институциите, но инсистира неговите крави да бидат соодветно згрижени, посочувајќи дека семејството се грижи за нив повеќе од три децении.

И покрај денешната интервенција, проблемот со слободното движење на добитокот во кривопаланечкиот регион останува отворен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за

29/07/2026
Македонија

Армијата нема да се повлече од Гостивар додека трае потребата

29/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради

29/07/2026
Македонија

Уште 300 специјализанти ќе добијат работа до крајот на годината,

29/07/2026
Македонија

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна

29/07/2026
Македонија

Се намалува бројот на заболени во Гостивар, властите очекуваат смирување

29/07/2026
Македонија

Полициски службеници спасија две девојки кои со СУП даски ветерот

29/07/2026
Македонија

Обид за шверц на цигари вредни милиони спречен на ГП

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44740
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за пиење

29/07/2026

Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено не смее да се користи за пиење, откако лабораториските анализи

Армијата нема да се повлече од Гостивар додека трае потребата

29/07/2026

Армијата ќе продолжи да обезбедува поддршка за жителите на Гостивар и во наредниот период, а ангажманот ќе трае сè додека

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради новооткриена бактерија во инсталациите

29/07/2026

Водата во Гостивар засега останува наменета исклучиво за техничка употреба, бидејќи во водоводната мрежа е детектирана резидуална бактерија која се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy