Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по активирањето на прскалките
Македонија

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по активирањето на прскалките

25/02/2026

AA

Пред Судот сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.

Тој изјави дека во 02:32 часот биле активирани прскалките на сцената, момент кој, како што рече, е забележан и на видеото што го снимал.

„Ги снимав пејачите и на крајот од видеото се гледа како дел од таванот почнува да гори. Кога започна рефренот се вклучија прскалките и тогаш се запали дел од плафонот“, сведочеше Миладинов, додавајќи дека според неговото набљудување токму од нив започнал пожарот.

Тој посочи дека во првите моменти присутните не реагирале веднаш, бидејќи мислеле дека станува збор за сценски ефект.

„Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација. Дури кога пејачот повика да излеземе надвор, почнавме да се упатуваме кон излезот“, рече сведокот.

Според неговото сведочење, пожарот многу брзо се проширил, а во објектот настанала голема гужва.

„Прво мислевме дека лесно ќе се изгасне и дека забавата ќе продолжи, но огнот брзо се ширеше. Температурата нагло се зголеми, беше многу жешко и загушливо, чадот беше густ и тешко се дишеше“, изјави Миладинов.

Во обид да излезе, успеал да ја помине првата врата, но кај втората почнал да губи свест.

„Некој ме фати и ме извлече надвор. Можеби беа луѓе од обезбедувањето, но не сум сигурен. Подоцна го слушнав гласот на мој другар кој бараше помош“, сведочеше тој.

Миладинов додаде дека две покрупни лица го извлекле од објектот, но нагласи дека не може да препознае никого од присутните во судницата како лица кои му помогнале.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради

29/07/2026
Македонија

Уште 300 специјализанти ќе добијат работа до крајот на годината,

29/07/2026
Македонија

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна

29/07/2026
Македонија

Се намалува бројот на заболени во Гостивар, властите очекуваат смирување

29/07/2026
Македонија

Полициски службеници спасија две девојки кои со СУП даски ветерот

29/07/2026
Македонија

Обид за шверц на цигари вредни милиони спречен на ГП

29/07/2026
Македонија

Рударите веќе заработуваат околу 1.000 евра, но новите работни места

29/07/2026
Македонија

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44738
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради новооткриена бактерија во инсталациите

29/07/2026

Водата во Гостивар засега останува наменета исклучиво за техничка употреба, бидејќи во водоводната мрежа е детектирана резидуална бактерија која се

Уште 300 специјализанти ќе добијат работа до крајот на годината, најави Клековски

29/07/2026

Процесот за вработување на преостанатите 300 специјализанти, од вкупно 600 предвидени со одлука на Владата од 2024 година, повторно е

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна инвестиција во криптовалути

29/07/2026

На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy