Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДАДЕН ВТОР ПОГОЛЕМ ПАКЕТ АКЦИИ НА „ГАЛЕБ“ – дали некој и кој дојде до половина од капиталот на охридската компанија
Економија

ПРОДАДЕН ВТОР ПОГОЛЕМ ПАКЕТ АКЦИИ НА „ГАЛЕБ“ – дали некој и кој дојде до половина од капиталот на охридската компанија

06/07/2023

AA

По четири месеци откако на Берзата помина блок трансакција во која беа продадени 33 отсто од акциите на
охридската превозна компанија „Галеб“, деновиве некој купи уште 16,5 проценти
од капиталот на компанијата.

Доколку станува збор за
истиот човек или фирма, тоа би значело дека тој купувач сега поседува близу
половина од капиталот на компанијата, односно 49,5 отсто. И доколку таа претпоставка е точна, тоа би значело дека за нив платил околу 600 илјади евра.

Но, возможно е овие
проценти акции да ги купиле и различни деловни субјекти, или, пак, некој што
купил во март сега да продал дел од својот акционерски пакет.

Но, тоа се само нагаѓања,
бидејќи компанијата „Галеб“ нема обврски за известување за својата акционерскла
структуира преку Централниот депозитар за хартии од вредност, кој ги објавува
акционерите кои поседуваат над 5 проценти од сопственичката структура на
компаниите.

Она што е извесно и
сигурно, е дека завчера преку Берзата поминаа две блок трансакции со акциите на
„Галеб“, преку кои беше истргувана и иста количина и иста цена на акции. Односно, во двете трансакции
поминаа по 3.321 акција, по цена од 1.858 денари за акција, што е поединечен
промет на блок трансакцијата од нешто над 100 илјади евра, или вкупно двете
трансакции тежат 200,7 илјади евра.

Согласно со вкупниот број
на издадени хартии од вредност од компанијата „Галеб“, излегува дека завчера
биле истргуивани во двете блок трансакции вкупно 16,5 отсто од акционерскиот пакет на компанијата.

Тоа значи дека некој плати
над 200 илјади евра за 16,5 проценти од „Галеб“, откако пред четири месеци,
истиот тој или некој друг искешира 400 илјади евра за 33 проценти од
сопственоста на акциите.

Како што тогаш пишуваше Фактор, тогаш беше продадена буквално една третина од оваа охридска превозна фирма. 

Од Берзата за таа блок трансакција известија дека се продадени
13.284 обични акции, по цена од 1.858 денари по акција,
или вкупно 401
илјади евра.

Тоа значи дека и завчера и пред четири
месеци, некој купувач платил иста цена или 30 евра по акција. Додека, пак, номиналната вредност на
една акција е 50 евра. 

Според графиконите кои ги објавува Берзата, може да се види дека
досега немало воопшто редовно тргување со акциите на „Галеб“ Охрид, така што не може да
се види ни колку досега изнесувала просечната пазарна
цена на акциите на
компанијата.

На веб страницата на акционерското друштво „Галеб“ е наведено дека
тоа е авто-транспортно претпријатие, со седиште во
Охрид. Формирана е во далечната 1947 година, и
се
занимава со превоз
на патници во земјава.

„Денес ‚Галеб’ е компанија со 100 отсто приватен капитал со 130
вработени
, со 25 минибуси, 1 панорама, 8 автобуси за локален сообраќај и 40
високостандардни автобуси“, стои на веб страницата. Составен дел на компанијата е и современ авто-сервис“, се вели на веб страната на компанијата.

Во јуни годинава, пак, Фактор пишуваше дека „Галеб“ Охрид за една година ги зголеми приходите од 101 милиони денари, на 172 милиони денари, односно за повеќе од 1,15 милиони евра, што
го покажа извештајот
за работењето на компанијата во 2022 година.

Инаку, дел од автобуските превозници од Охрид и Струга на почетокот од
минатата година ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и
меѓународниот сообраќај за 20 отсто. Ако повратна карта од Скопје до Охрид беше
900 денари, новоформираната цена изнесуваше 1100 денари.

Сопственикот на АД Галеб Охрид, Димитар Василески, тогаш
за Фактор изјави дека зголемениот приход на компанијата не се должи на зголемените цени во енергетската
криза кои претходеа на самата инфлација, туку на тоа што друштвото претрпело
реорганизација во работењето.

„Зголемувањето на
приходите најмногу се должи на договорите со странските инвеститори во
индустриските зони да ги превезуваме нивните работници. Исто така имаме и
договор со холандскиот оператор ТУИ нивните туристи да ги превземаме од Охридскиот аеродром и да
ги превезуваме до самиот град. Напротив, приходите од редовните организирани
линии се во пад затоа што имаше нивно укинување поради нерентабилност“,
изјави тогаш Василески за
Фактор.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy