Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
Магазин

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

10/11/2024

AA

Синоќа во 23:50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром – Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската  управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје, соопшти денеска МВР.

Оттаму посочуваат дека врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода.

-Од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две  локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин, велат од МВР. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy