Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е, нема да толерираме непочитување
Македонија

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е, нема да толерираме непочитување

14/03/2025

AA

Човекот кој најверојатно ќе стане нов премиер на Гренланд ги отфрла обидите на Трамп за преземање, пишува Гардијан.

„Ние не сме Американци. Ние не сме Данци. Сакаме да бидеме Гренланѓани“, порача Јенс-Фредерик Нилсен. Тој истакна дека Гренланѓаните сами треба да одлучуваат за својата иднина додека се движат кон независност од Данска.

Нилсен, чија центристичко-десна партија Демократите оствари изненадувачка победа на оваа недела одржаните парламентарни избори и сега треба да формира коалициска влада, вчера ги отфрли повторените тврдења на Трамп дека САД ќе го анектираат островот.

„Ние не сме Американци. Не, не сме ниту Данци. Сакаме да бидеме Гренланѓани и сакаме наша сопствена независност во иднина“, изјави 33-годишниот политичар. „Сакаме сами да ја изградиме својата држава“, додаде тој.

Заминувачкиот премиер Муте Егеде најави дека ќе свика состанок на лидерите на партиите за заеднички да ги отфрлат заканите на Трамп. „Доста е“, порача тој.

„Време е поостро да го отфрлиме Трамп, нема да толерираме недостаток на почит“, напиша Егеде на Фејсбук. Тој сè уште го води Гренланд до формирањето на новата влада.

„Американскиот претседател уште еднаш ја спомена можноста за наша анексија. Тоа апсолутно не можам да го прифатам. Го почитувам резултатот од изборите, но чувствувам обврска како привремен шеф на владата. Затоа побарав од администрацијата што побрзо да ги свика партиските лидери“, додаде Егеде.

Изјавите на Гренланѓаните дојдоа откако Трамп вчера повторно ги изрази своите намери за преземање на Гренланд. За време на состанокот во Овалната соба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изјави дека резултатите од изборите на Гренланд се многу поволни за нив.

„Личноста што оствари најдобар резултат е многу добра, барем што се однесува до нас“, прокоментира тој. На прашањето дали мисли дека САД ќе го анектира Гренланд, Трамп одговори дека мисли дека тоа ќе се случи.

Тој исто така изјави дека Данска е многу далеку од Гренланд и го доведе во прашање правото на таа земја да го контролира најголемиот остров во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Меѓународна акција „Global Chain“: Во земјава откриени три кривични дела

06/07/2026
Македонија

Клековски: Извештајот за непотребни операции на срце помина на затворена

06/07/2026
Македонија

Силјановска-Давкова од Анкара: Иницираме отворање Лекторат по македонски јазик во

06/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“

06/07/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија, 2 се уште активни

06/07/2026
Македонија

Цеца Малева Стоев е нова претседателка на Нотарската комора

06/07/2026
Македонија

Заврши третиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот: Власта

06/07/2026
Македонија

Драма во скопско Зелениково, пријавил соселани дека го истепале

06/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy