Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕКУ ОГЛАС ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА НОВА ДИРЕКТОРСКА ПОЗИЦИЈА – Владата продолжува со потрагата по раководители
Економија

ПРЕКУ ОГЛАС ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА НОВА ДИРЕКТОРСКА ПОЗИЦИЈА – Владата продолжува со потрагата по раководители

26/06/2025

AA

Владата преку нов
оглас бара директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, и како и
досегашните огласи бара тој да е државјанин на Македонија, да нема забрана за
вршење дејност, да има високо образование, да има најмалку пет години работно
искуство, но и да има соодветен документ за солидно познавање на странки јазик.

Или поточно да има сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите
јазици кои се користат во Европската унија – односно англиски француски,
германски и италијански.

Лицето кое ќе
биде поставено на оваа позиција ќе може да остане на истата во следните четири
години.  

Заинтересираните
покрај општите услови треба да обезбедат и дополнителни, меѓу кои и планови за
развој на институцијата.

 Сите кандидати
треба да достават соодветна документација, која опфаќа пријава по оглас, кратка
биографија, мотивациско писмо, план и програма за работа, уверение за
државјанство на Република Северна Македонија, како и доказ дека во моментот на
именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна
санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. Секако меѓу
документите се бара и диплома или уверение за стекнати најмалку 240 кредити
според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, како и доказ дека има минимум
пет години работно искуство и сертификат за положен испит за познавање на еден
од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија издадени од установа
или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа
услуга не постари од пет години.

Сите кои сакаат да бидат дел од оваа
институција имаат рок до 4 јули да се пријават и да ги испратат потребните
документи. Ако документацијата не е целосна, пријавите воопшто нема да бидат
разгледувани.

Владата не ја
открива платата на идниот директор, а огласот со деталите за пријавување е
објавен и на веб страната на Владата.

Инаку Државниот
инспекторат за шумарство и ловство врши инспекциски
надзор на шуми и шумско земјиште во државна и приватна сопственост. Сепак, на нивната веб страна скоро и да
нема информации за нивните активности во изминатиот период. Не се проследуваат
информации во делот за вести, за новости, последен годишен извештај е за 2023
година, нема тековни информации за активностите на оваа институција. 

Последен
полугодишен извештај е за првата половина од 2024 година, каде може да се види
дека има 14 вработени, и тоа во инспекторатот за шумство има еден главен
инспектор, еден виш инспектор и единаесет советници-инспектори од областа на
шумарството. Додека инспекциските надзори од областа на ловството во првото
полугодие од 2024 година се извршени од: еден главен
инспектор еден советник-инспектор од областа на ловството.

П.О.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46633
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА БАНКИТЕ Народната банка веќе ги

06/11/2026

Паниката што ја создава претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со најавите за домино-ефект во банкарскиот сектор е неодговорна и може

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од Ресен, Прилеп и од Охрид

06/11/2026

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин

06/11/2026

Шест потенцијални инвеститори ќе имаат состаноци со претставници на Народната банка за можна продажба на „Алта банка“ АД Битола. Разговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy