Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПУВАЊАТА УДРИЈА И ВРЗ СТАНДАРДОТ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ – обемот на трговијата на мало намален во цела Европска унија
Економија

ПОСКАПУВАЊАТА УДРИЈА И ВРЗ СТАНДАРДОТ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ – обемот на трговијата на мало намален во цела Европска унија

08/04/2024

AA

Во текот на месец февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година обемот на трговија на мало се намалил за 0,5 проценти во еврозоната и за 0,4 отсто во ЕУ, покажуваат најновите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија.

Споредбата на годишно ниво покажува уште поголем пад на потрошувачката. 

– Во февруари 2024 година во споредба со февруари 2023 година, календарски прилагодениот индекс на продажбата на мало е намален за 0,7 проценти во еврозоната и за 0,2 отсто во Европската унија – објави „Евростат“.

Во еврозоната во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, обемот на трговијата на мало е намален кај храната, пијалоците и тутунот за 0,4 отсто. Намалување има и кај непрехранбените производи (освен автомобилско гориво) за 0,2 проценти, но и кај автомобилско гориво во специјализирани продавници за 1,4 отсто. 

Што се однесува на целата унија, намалување на обемот на трговијата на мало има кај истите категории, и тоа кај храната, пијалоците и тутунот за 0,5 проценти. Кај непрехранбените производи (освен автомобилско гориво) за 0,1 отсто, додека кај автомобилското гориво во специјализирани продавници за 0,9 проценти.

Што покажуваат месечните споредби по земја членка?

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо месечно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Германија со пад од 1,9 отсто, по што следува Белгија со намалување од 1,8 проценти и Кипар со 1,1 отсто пад. 

Највисоки зголемувања се забележани во Полска каде има месечно зголемување на обемот од 1,4 проценти, по што следуваат Хрватска со 1,2 отсто и Естонија 1 процент раст.

Годишна споредба по сектор и по земја-членка

Во еврозоната во февруари 2024 година, во споредба со февруари 2023 година, обемот на трговијата на мало се намалили во категоријата храна, пијалоци, тутун за 1,4 отсто, додека кај непрехранбените производи за 0,1 процент, додека кај автомобилско гориво во специјализирани продавници за 1,1 отсто.

Во унијата обемот на трговијата на мало е намален кај храна, пијалоци, тутун за 0,9 проценти, додека зголемен кај непрехранбени производи за 0,6 отсто, и намален кај автомобилско гориво за 1,5 отсто.

– Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо годишно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Белгија каде има пад од 6,8 отсто, по што следува Словенија со пад од 5,6 проценти и Финска со намалување од 3,7 отсто. Од друга страна, највисоки зголемувања се забележани во Хрватска со раст од 9,2 проценти, по што следува Романија со 8,7 отсто раст и Луксембург каде зголемувањето достугнува 6,9 проценти – се наведува во анализата на „Евростат“. 

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во

20/10/2026
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46290
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија ќе го укине кога и

21/10/2026

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ часовниците

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е и еден тинејџер

21/10/2026

Во Македонија во текот на септември се регистрирани 8 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај лица од машки пол. Пријавени

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели дека не заслужува натамошно внимание

20/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да им се посветува внимание на реакциите од бугарска страна поврзани со Ива Михаилова, девојката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy