Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА Мисајловски најави трајно вработување, платите и додатоците остануваат исти
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА Мисајловски најави трајно вработување, платите и додатоците остануваат исти

20/10/2026

AA

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години повеќе нема да мора да ја напуштаат Армијата доколку сакаат да го продолжат работниот ангажман во нејзините редови.

Со одлука донесена денеска на владина седница, се отвора можност нивниот работен однос да се трансформира од определено на неопределено време, при што ќе добијат статус на цивилни лица, но ќе останат да работат во Армијата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека со ова трајно се решава прашање кое со години ги засега професионалните војници.

Одлуката е усогласена со Армијата и со претставниците на војниците, а беше претставена на заедничка прес-конференција на министерот, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и претставници на синдикалните здруженија во одбраната.

– Решението значи дека војниците конечно заслужено ќе можат да бидат задоволни и сигурни и по својата 45 година. Остануваат сите опции – отпремнина, трансфер во институциите, но со оваа реформа правиме можност секој војник да може да остане како цивилно лице во Армијата – изјави Мисајловски.

Тоа значи дека војниците ќе имаат дополнителен избор по навршувањето на старосната граница. Покрај досегашните можности да земат отпремнина или да преминат на работа во друга институција, ќе можат да останат во Армијата, но со поинаков работен статус.

Особено значајно е што, според информациите изнесени на прес-конференцијата, нивните месечни примања нема да се намалат. Основната плата и сите додатоци ќе останат исти, а пензионирањето ќе се одвива според постојните правила утврдени со колективните договори во Армијата.

Мисајловски појасни дека станува збор за целосно ново решение, кое не е дел од Колективниот договор. Преговорите за тој договор продолжуваат независно од денешната владина одлука.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оцени дека станува збор за значаен исчекор, бидејќи статусот на професионалните војници по навршувањето 45 години останувал отворен повеќе од 15 години.

Тој објасни дека војниците кои ќе го трансформираат работниот однос ќе бидат ангажирани за обезбедување на воените објекти, касарните и имотот на Армијата. Со тоа, оваа задача ќе премине на персоналот што ќе биде распореден на новите работни места.

– Обврската околу обезбедување на гарнизоните и касарните и имотот на Армијата е на единиците, како терцијална дополнителна обврска на тие единици. Со ова предлог-решение обезбедувањето ќе биде обврска на единиците во кои ќе бидат распределени професионалните војници кои навршуваат 45 години – изјави Лафчиски.

Според началникот на Генералштабот, професионалните војници се најсоодветниот кадар за ваквите задачи поради нивното искуство, обученоста и познавањето на воените објекти.

Лафчиски изрази уверување дека нема подобар персонал за извршување на овие обврски од војниците што ќе одлучат да го продолжат работниот ангажман во Армијата како цивилни лица.

Според првичните проценки, околу 100 професионални војници би можеле да ја искористат новата можност веќе во 2027 година.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
Македонија

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО

20/10/2026
Македонија

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна

20/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

20/10/2026
Македонија

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ

20/10/2026
Македонија

УСТНИОТ ДЕЛ ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ЕДИНСТВЕНО НА

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46285
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во 12:05“ револтирани од изјавите на

20/10/2026

Раководството на СДСМ сѐ повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – „сите други се

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800 ЕВРА Екс-директорот на „Пошта“ не

20/10/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО Пет значајни измени на Законот

20/10/2026

Измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост денеска го поминаа првиот филтер.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy