Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вархеи: Рамката за преговори за Северна Македонија нема да се промени
Македонија

Вархеи: Рамката за преговори за Северна Македонија нема да се промени

08/04/2024

AA

Критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни. Не очекувам некаква промена на Рамката за преговори. Не мислам дека земјите-членки сакаат да ги ревидираат условите.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави Оливер Вархеи, еврокомесар за проширување и соседски прашања.

Во изминатите месеци, голем број македонски политичари тврдеа дека може да има промена во Преговарачката рамка за Скопје.

Запрашан дали постои некаква можност за промена на условите што РСМ мора да ги исполни, еврокомесарот одговори:

„Критериумите се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена Рамката за преговори. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат“.

„Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“, додаде тој.

На прашањето на БГНЕС дали за геополитичкиот проект на Белград „Српски свет“ има место во Европската унија, еврокомесарот одговори:

„Критериумите за Србија се исто така многу јасни. Добрососедските односи се дел од условите за прием во ЕУ за секоја од земјите кандидати“.

„Србија напредува на својот пат кон Европската унија. Ако го погледнете Кластерот 3, тој е подготвен за отворање. Исто така, јасно е дека внесувањето на руската агресија против Украина во Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ стана уште поважно прашање за кандидатите. Сега земјите-членки на ЕУ уште повнимателно гледаат на нејзината усогласеност“, додаде Оливер Вархеи. /БГНЕС

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45146
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму активни низ Македонија

20/08/2026

Огнената стихија и денеска продолжува да се шири на повеќе локации низ Македонија. До 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега е на локалната власт

20/08/2026

Кризната состојба на територијата на Општина Гостивар истече синоќа, а според последните анализи, водата за пиење е чиста и безбедна,

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга –

20/08/2026

Нелегалната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довела до сериозно нарушување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy