Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Украина не е примена во НАТО, членките не сакаат да испраќаат свои војници таму, не би сакал да ја донесам таа одлука
Македонија

ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Украина не е примена во НАТО, членките не сакаат да испраќаат свои војници таму, не би сакал да ја донесам таа одлука

12/07/2023

AA

УКРАИНА не е примена во НАТО, бидејќи земјите од Алијансата не сакаат да испраќаат свои војници таму, изјави за новинарите полскиот претседател Анджеј Дуда по самитот на НАТО во Вилнус.

– Ве молиме разберете дека денес нема да биде можно да се прифати Украина во НАТО. И ова ви го кажувам со целосна одговорност, како претседател на Република Полска, рече Дуда.

Тој објасни дека, кога Украина ќе добие членство во НАТО, веднаш ќе побара да испрати војници од земјите на Алијансата.

-Доколку Украина денеска добие полноправно членство во НАТО, тогаш мора да се претпостави дека истиот или следниот ден би побарала примена на петтиот член, односно колективна одбрана. Ако Алијансата постапи како што треба во таква ситуација, тогаш ќе моравме да ги испратиме нашите војници на фронтот, како и сите други земји од блокот. Полските војници ќе мора да одат на фронтот, објасни Дуда.

– Како претседател не би сакал да донесам таква одлука, заклучи тој.

Во исто време, полскиот лидер рече дека и раководството на Украина ја разбира нереалноста за итен влез во НАТО, „со оглед на актуелната војна“.

Меѓутоа, Дуда сака да ја види Украина во НАТО во иднина.

– Ова е важно за нашата безбедност, за источното крило на НАТО. Тоа ја поместува границата на исток, ја зајакнува безбедноста на Полска во географската димензија. Тоа е земја која е двојно поголема од Полска – 600 илјади километри, рече тој.

Лидерите на НАТО одобрија повеќегодишен пакет за поддршка на Украина, кој се состои од три елементи. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека пакетот вклучува повеќегодишен план за поддршка за постигнување интероперабилност со НАТО, создавање на Совет НАТО-Украина и укинување на условите за исполнување на акциониот план за членство, со што ќе се намали процесот на пристапување од две фази до една. Според генералниот секретар, лидерите на земјите од алијансата потврдиле дека Украина ќе стане членка на НАТО кога сојузниците ќе одлучат дека се исполнети условите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy