Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАМА НА КОЗЈАК: Спасен рекреативeн риболовец!
Македонија

ДРАМА НА КОЗЈАК: Спасен рекреативeн риболовец!

12/07/2023

AA

Вистинска мала драма, но со среќен продолжеток, пред крајот на денот се одвивала на брегот на акумулацијата „Козјак“. Беше пронајдено и спасено возрасното лице, рекреативен риболовец, кој заради проблеми со срцето бил во животозагрозувачка ситуација на брегот на езерото „Козјак“, на локација после црквата “Света Богородица“ кон горниот дел.

При оваа спасиелна акција Итната медицинска помош покажала голема брзина и вештина, како и Полицијата. Исто така, големо ниво на соработка и хуманост покажале дежурните од Јавното претпријатие „Јасен“ на пунктот „Кула“, како и граѓани коишто помогнале во лоцирање на лицето кое било во животнозагрозувачка ситуација.

Конкретно, во периодот по 19.00 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е добиен повик од возрасно лице – рекреативен риболовец на езерото Козјак, коешто заради проблеми со срцето снеможело и било во животозагрозувачка ситуација. Лицето, дека имало повеќе сила, успеало да прати и дигитална локација на телефони во Скопје, а потоа не било контактибилно. Но, неговата локација веќе ја имале и дежурните од Единствениот број за итни случаи 112, кога тој успеал да се јави на бројот. Неговиот телефонски број бил даден и во Итната медицинска помош, со што се имало можност и лекар да комуницира со лицето за медицински совети согласно можностите и ситуацијата.

Со брзата и професионалната интервенција на Итната медицинска помош, во содејство со Полицијата и со дежурните од „Јасен“ на пунктот „Кула“, возрасното лице во животозагрозувачка ситуација заради проблеми со срцето прво било пронајдено покрај брегот на езерото „Козјак“. Затоа, во тој период на интервенција за спасување на лицето, бил прекинат патот со времен режим на сообрќај, освен за Медицински тимови. Инаку, во попладневниот и вечерен период патот низ ЈП „Јасен“ е отворен само за сообраќај во еден правец – кон Скопје, а наутро од Скопје кон езерото. Медицинскиот тим од Итна медицинска помош на лице место го згрижил пациентот и со болничко возило се упатил прво кон Општа болница во Прилеп, а потоа, согласно медицинската проценка, со медицинско болничко возило и лекарски надѕор, било упатено кон Клиниката за кардиологија во Скопје. Според, последните информации кои се добиени во ЦУК, рекреативниот риболовец на Акумулацијата „Козјак“, којшто заради проблеми со срцето снеможел и бил во опасна животозагрозувачка ситуација е во контактибилна состојба.

Оваа случка, за среќа со среќно продолжение заради тоа што срцевите проблеми немале фатален крај за риболовецот, неминовно налага да се повтори предупредувањето што и медиумите секојдневно го емитуваат во различни програмски форми на својата програм или на своите медиумски платформи: за подготвено и внимателно престојување во природа, со полна батерија на мобилниот телефон, да се носи вода и други течности со себе, како и да се има заштита од сонце во овој период на топли температури, а и подготвеност за секакви сценарија согласно здравјето на рекреативците во природа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45802
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy