Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата го уапси градоначалникот на Истанбул во рамките на истрагата за корупција
Македонија

Полицијата го уапси градоначалникот на Истанбул во рамките на истрагата за корупција

19/03/2025

AA

Турската полиција денеска го уапси градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, популарен опозициски лидер и клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагата за „корупција и врски со тероризам“.

Тоа е драматична ескалација на владината акција за потиснување на опозицијата и спротивставените гласови во Турција, пишува агенцијата АП.

Турската државна агенција Anadolu објави дека обвинителите издале налог за апсење на градоначалникот Екрем Имамоглу и околу 100 други лица. Меѓу приведените е и блискиот соработник на Имамоглу, Мурат Онгун.

Властите затворија неколку патишта околу Истанбул и забранија демонстрации во градот на четири дена, како што изгледаше како обид да се спречат протестите по апсењата, додаде АП.

Критичарите велат дека операцијата следи по големите загуби за владејачката партија на Ердоган на изборите во март, поради зголемените повици за предвремени национални избори.

Државните власти велат дека судовите дејствуваат независно и ги отфрлаат тврдењата дека правните дејствија против опозициските фигури се политички мотивирани.

Апсењето е извршено при претрес во домот на Имамогу, но се уште не е јасно дали полицијата однела нешто од таму.

Сопругата на градоначалникот, Дилек Имамоглу, за приватната телевизија Нау изјави дека полицијата пристигнала во нивната куќа пред зори и дека градоначалникот бил однесен околу 7:30 часот.

Универзитетот вчера му ја укина дипломата на Имамоглу, дисквалификувајќи го популарниот опозициски политичар од учество на следните претседателски избори. Универзитетската диплома е задолжителна за да се кандидира на изборите според турскиот закон.

Партијата на градоначалникот, главната опозициска Републиканска народна партија, или ЦХП, требаше да одржи внатрепартиски избори во недела на кои се очекуваше Имамоглу да биде избран за нивен кандидат за претстојните претседателски избори. Следните претседателски избори во Турција би требало да се одржат во 2028 година, но можно е тие да се одржат предвреме По денешните апсења, тешко дека тоа ќе се случи, пишува АП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
Македонија

ГОРАТ ПАСИШТА НА ШАР ПЛАНИНА Одговорите убедуваат дека пожарот е

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy