Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Покрената истрага за 20 лица за криумчарење луксузни возила, пет се од МВР
Магазин

Покрената истрага за 20 лица за криумчарење луксузни возила, пет се од МВР

05/07/2023

AA

Основното јавно обвинителство покренува постапка против 20 лица за криумчарење луксузни возила. Пет од лицата за кои се покренува истражната постапка се вработени во Министерството за внатрешни работи. 

– Основно јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка за кривично дело криумчарење, прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, компјутерски фалсификат и фалсификување исправи, но и прикривање на предмети поврзани со криумчарње и дури и злоупореба на лични податоци – кажа Наташа Сарамандова, јавен обвинител.

Сарамандова појасни дека отворена е истражна постапка за осум лица, но кривичната пријава е за 21 лице, дваесет физички лица и едно правно лице. Се работи за криумчарење на екслузивни луксузни возила чија вредност поеднинечно се движела од 500 до 600 илјади евра. 

– Овие автомобиле биле предмет на кривично дело во други европски држави и предмет на меѓународна потрага, кои се внесувани со криумчарење, а потоа се вадени документи, фалсификување на службена исправа, фалсификување на исправи, со цел нивно легализирање. Потоа се преминува на прикривање на кривичното дело со препродавање од едно на друго лице по многу пониска цена, се дури не се прикријат трагите, за на крај да се препродатат на лице по вистински проценетата вредност – објасни Сарамандова.

Оваа кривична пријава е за 14 патнички возила и еден мотор. Меѓу 20 те лица за кои се води постапка, пет лица се од МВР, вработени во одделот за управни работи, останатите се физички лица кои веќе имале начин на примена на овие дела во повеќе наврати, и едно правно лице.

– Во моментов се лишени од слобода 18 лица, додека две лица се во бегство. Против осум лица ќе бидат поднесени предлози мерка притвор, од кои за шест лица веќе е обезбедена мерката, две лица се во бегство, и за нив ќе биде побарана мерка притвор во бегство. За останатите ќе се предложи мерка обезбедување – укажа Сарамандова. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41553
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло се кренал и кај другите

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026

Македонската кинологија доби нов повод за гордост – расата куче караман официјално е признаена како автентична македонска раса, објави Кинолошки сојуз на Македонија,

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026

Од средината на 2024 до крајот на 2025 година, владиниот авион бил употребен околу 40 пати, а најчесто летал кон

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy