Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Подготовки за Водици во Охрид – најмасовниот верски настан во земјава
Македонија

Подготовки за Водици во Охрид – најмасовниот верски настан во земјава

16/01/2026

AA

Охрид и оваа година ќе биде домаќин на најмасовната верско-културна манифестација во земјата, Богојавление – Водици, која се одбележува со голема почит кон верските традиции и граѓанските обичаи.

Централните настани се предвидени за 19 јануари, започнувајќи од раните утрински часови со свети и празнични литургии во сите парохиски цркви. По нив, трите литии од црквите Св. Богородица – Каменско, Св. Георги – Горна Влашка Мала и Св. Никола – Геракомија ќе се упатат кон градското пристаниште.

Чинот на полагањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе се изврши во 10 часот од Колцето на пристаниште, а ќе го изведе Митрополитот Дебарско – кичевски, г. Георги.

Во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи концерт на фолк дивите Елена Андоноска и Елена Велевска, а за присутните верници и добронамерници ќе се служи и топла ракија. Истиот ден, од 9 до 15 часот, Црвен Крст – Охрид ќе ја спроведе традиционалната крводарителска акција „Една капка може да промени се“ во ЦК „Григор Прличев“. Екипи на Црвен Крст ќе бидат задолжени и за безбедноста на капачите.

Во месноста Сараиште, точно напладне, ќе се изврши и бесплатно групно крштевање, според црковната традиција.

Се очекува на манифестацијата да присуствуваат туристи од земјава и соседните држави, а градот ќе биде во празнична и верска атмосфера.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy