Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКАДЕМИК ПАНЧЕ НАУМОВ СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ Неговите откритија ќе ја сменат оптиката и електрониката
Македонија

АКАДЕМИК ПАНЧЕ НАУМОВ СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ Неговите откритија ќе ја сменат оптиката и електрониката

16/01/2026

AA

Академик Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy od Sciens) и тоа во Одделението за хемија.

Наумов вели дека за членство во Европската академија на науки бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот Нортвестерн во САД. Неговата номинација била поддржана од научници од Франција и од Финска.

Тој за МИА изјави дека убавата вест му е соопштена вчера, а церемонијата за негово пристапување во Европската академија на науките ќе се оддржи оваа година во Брисел.

Наумов е роден во Штип, во моментов е универзитетски професор на Универзитетите „Њу Јорк“ и „Њу Јорк Абу Даби“. Тој веќе е член на две други Академии на науки – надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и полноправен член на Националната академија на Обединетите Арапски Емирати. Исто така е визитинг професор на Универзитетот Харвард во САД.

Наумов е македонски истакнат хемичар и научник, по потекло од Штип, кој со години работи во странство. По завршувањето на студиите по хемија на Институтот за хемија при ПМФ, со спонзорство од јапонската Влада Наумов се запишува на докторски студии во Токио, Јапонија, каде докторирал во 2004 година на хемија и наука за материјалите. По докторирањето работел во јапонскиот Институт за наука за материјалите, а потоа и во универзитети во Осака и Кјото. Во 2012 година преминува на Универзитетот „Њу Јорк“, каде сега работи во нивните кампуси во Њу Јорк и Абу Даби. Пред четири години, Наумов оформи Центар за паметни материјали, чиј директор е сега.

Академик Наумов има објавено преку 300 научни трудови, коишто се цитирани повеќе од 17.000 пати. Во неговата биографија стои и дека е придружен член на Американското хемиско друштво и на Кралското хемиско друштво.

Статистиките покажуваат дека лабораториите со кои раководи Наумов се водечки во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што неговата група продуцира помеѓи 40 и 60 отсто од сите научни трудови објавени во списанија со висок фактор на влијание секоја година, со што Наумов се позиционира како водечки научник во ОАЕ.

За своите истражувања, Наумов има одржано преку 400 предавања на научни конференции, и преку 100 предавања по покана. Наумов бил ментор на повеќе од 60 студенти, а бил рецензент на повеќе од 100 научни списанија.

Тој е член на научните одбори на неколку списанија, помеѓу кои би го истакнале Списанието на Американското хемиско друштво), каде е е единствен уредник од југоисточна Европа, Средниот Исток и ос Африка во оваа списание, коешто се издава од 1879 година. Бил или е член на научните меѓународни одбори на списанијата Општа хемија, коешто го издава Германското хемиско друштво, Хемија – Европско списание ,коешто го издаваат 16 европски хемиски друштва од 15 држави, како и Хемија – Азиско списание, коешто го издаваат хемиски друштва од Азија.

Д-р Наумов бил и гостин уредник на списанието Прилози на Националната академија на науките на САД. Бил и рецензет на предлог-проекти од повеќе национални или меѓународни научни агенции.

Помеѓу другите заслуги, д-р Наумов е основач на разгранокот на Американското хемиско друштво за Обединетите Арапски Емирати и на Друштвото за кристалографија на ОАЕ, со коешто претседава од неговото формирање. Тој е и советник на Европската кристалографска заедница, како и на Интернационалната унија за кристалографија.

За неговите научни достигнувања, Наумов има добиено многу награди, меѓу кои наградата Александар вон Хумболт од Германија, специјална награда од Универзитетот од Пекинг и златна виза за посебни заслуги за државата од Обединетите Арапски Емирати.

Истражувањата на унивезитетскиот професор и научник Наумов покриваат широк спектар научни проблематики од областа на хемијата и науката за материјалите. Главна тема на неговиот научен интерес е хемијата на цврста фаза, а особено нови паметни материјали. Подетално, Наумов е еден од пионерите што ги имаат откриено динамичките својства на цврстите супстанци, парадигма којашто го менува класичното сфаќање на хемијата на цврсто тело. Неговите истражувања покажале дека кристалните цврсти материјали, при одредени услови, може да покажуваат динамички, а не само статички својства. Ова сознание драстично ја менува нашата перцепција за материјалите. Резултатите од неговите истражувања веќе се користат во индустријата на паметни материјали, како што се флексибилни органски електронски и оптички елементи во електронската индустрија. Неговите откритија се на пат да ја променат оптиката и елетрониката којашто засега користи силициум или силициум диоксид со комплетно органски кристални материјали коишто може да се виткаат и да одговараат на надворешни вилјанија како што се светлина, топлина, механички влијанија и слично. Резултатите на Наумов се меѓунаородно признати, како револуциоерни во оригиналноста на идејата, со огромни импликации за електронските и оптички уреди на иднината.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45728
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА Криминална група криумчарела цигари, тутун

22/09/2026

Криминална група која, според истрагата, се занимавала со криумчарење акцизна стока, нелегално внесување лекови и суплементи и коруптивни кривични дела

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела дека е куче додека не

22/09/2026

Жена се нашла лице в лице со диво животно на плажа во Неос Мармарас, едно од омилените грчки летувалишта на

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy