Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка
Економија

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

10/04/2025

AA

Во рамките на ESG Adria Summit 2025, што се
одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и
минерални суровини Сања Божиновска, заедно со директорот за финансии на АД ЕСМ
Иван Стојановски, оствари работна средба со Клаус Милер, директор на КфВ банка
за Југоисточна Европа и Турција.

Средбата беше фокусирана на напредокот и
понатамошната реализација на неколку стратешки проекти: втората фаза од
ветерниот парк Богданци, фотонапонската електрана „Битола 2“, како и третата
фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани.

„Овие проекти не само што го зголемуваат
домашното производство на електрична енергија, туку и го зајакнуваат целиот
енергетски систем на државата. Партнерството со КфВ банката е значаен поттик за
трансформацијата кон одржлива енергетика“, истакна министерката
Божиновска.

Посебно внимание беше посветено на нови
иницијативи за техничка помош насочена кон унапредување на интерните капацитети
на АД ЕСМ, за среднорочно и стратешко планирање, со акцент на инвестициските
проекти,

КфВ банката потврди дека останува стратешки
партнер и дека ќе продолжи со поддршка за нови проекти, меѓу кои се и
фотонапонската електрана „Битола 3“ и други инвестиции во обновливи извори на
енергија.

Проектите што се реализираат со поддршка од
КфВ директно придонесуваат за збогатување на портфолиото од обновливи извори на
енергија во Република Македонија, како и за долгорочна енергетска стабилност и
сигурност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44923
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026

Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот: Како што велат, регистрирани се вкупно

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина во Радишани

09/08/2026

Возач на „Сеат Алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски, кој со мотоцикл „Кавасаки“ се движел од спротивната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy