Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Тихомир Јанчовски – поет, писател и преведувач
Македонија

Почина Тихомир Јанчовски – поет, писател и преведувач

30/01/2026

AA

Денеска македонската литература загуби еден од своите значајни творци – Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач.

Неговата смрт беше објавена од семејството на социјалните мрежи, кое напиша: „Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму“.

Јанчовски е роден во 1967 година во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1991 година, а специјализирал на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта. Во 2010 година магистрирал современа историја на УКИМ. Неговата творечка активност опфаќаше поезија, преводи и медиевистика, а активно се изразуваше и во театарската уметност. Во 2024 година, заедно со Бранислав Николов, го создаде поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“.

Зад Јанчовски остануваат над триесет книги, меѓу кои поезија, романи, преводи и една книга историја. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија и антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Творбите на Јанчовски се преведувани на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Со неговата смрт, македонската книжевна сцена губи еден значаен глас кој остави богат литерарен и културен белег.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy