ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена на еманципацијата на Ромите
Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.
Тажната вест ја објави Рома прес, од каде што со емотивна порака се простија од Ибраимовски, кој со години беше еден од препознатливите политички претставници на ромската заедница во Македонија.
Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР, партија преку која се залагаше за подобрување на положбата на Ромите, нивната политичка застапеност и остварувањето на граѓанските права.
Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе јавни функции. Беше пратеник во македонското Собрание, а подоцна и министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.
Покрај овие функции, Ибраимовски извршуваше и директорска должност.
Во јавноста беше познат по своите настапи и политички активности поврзани со прашањата за социјалната вклученост, образованието, вработувањето и институционалната застапеност на ромската заедница.
.
Извор: plusinfo.mk