ДВЕ ГОДИНИ ЈА СЛЕДЕЛ И ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ Кривична пријава за демнење против 40-годишник
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 40-годишниот В.Н. од Македонска Каменица поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Според полицијата, во последните две години тој следел, вознемирувал и психички малтретирал 35-годишна жена од Кочани.
Против пријавениот е поднесена кривична пријава за демнење, а понатамошната постапка треба да ги утврди околностите на случајот.
.
Извор: plusinfo.mk