Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Вакцинирајте се, а ако имате симптоми јавете му се на лекарот
Македонија

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Вакцинирајте се, а ако имате симптоми јавете му се на лекарот

02/11/2026

AA

Има четири потврдени случаи со морбили во земјава. Еден е странски државјанин, а тројца се македонски државјани од Велес, Штип и од Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. Бебињата до 12 месеци не се опфатени со вакцината и тие треба да бидат заштитени со вакцинација на сите во околината, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје ги завршуваат епидемиолошките анализи за евентуалната поврзаност и можност за поврзаност меѓу случаите и наскоро ќе објават дали има поврзаност меѓу тие случаи или не. Услови за прогласување на епидемија во моментов нема.

– Имаме први случаи и тоа што го правиме во услови на епидемија во Косово и во Бугарија е да повикуваме на претпазливост кај граѓаните и кај институциите. Во однос на граѓаните, вакцинирајте се, проверете дали имате две дози на вакцината или дали сте прележале од болеста. Ова посебно го апелирам до здравствените работници да го направат, бидејќи тие се во контакт и се најризични. Во однос на граѓаните, доколку имате температура и осип, не одете на доктор, јавете му се на докторот. Сипаниците се високо заразни и секое одење во чекалница го зголемува ризикот од проширување на сипаниците. Главна контакт точка за сипаниците се во основа чекалниците во здравствените установи. Вирусот е активен околу два часа во воздухот и мислам дека треба да бидеме максимално претпазливи – рече Клековски.

Институтот за јавно здравје има изготвено протоколи за здравствените установи.

– Се работи на издадено упатство на градинките и школите кое е дистрибуирано преку соодветните министерства и издадени се протоколи за граничните премини. Пред да патувате за Косово и за Бугарија, проверете си повторно каква е вашата состојба, бидејќи во тие две земји има прогласено епидемија. Ние сме во комуникација со странската земја од каде што е странскиот државјанин за да размениме информации, тоа е Косово. Тројцата македонски државјани не патувале во странство и затоа ги испитуваат можностите за поврзаност дома во Македонија. Едното бебе беше хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, отпуштено е на домашна нега, значи е во добра состојба. Издадовме наредба на Клиниката за детски болести да се подготвува за прифат на вакви случаи, затоа што Инфективната клиника не е оспособена за третман на бебиња – истакна Клековски и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе заседава.

Тој апелираше до јавноста за вакцинација против морбили и за внимателност.

– Значи имаме четири од кои три домашни случаи. Се испитува нивната врска, таа ќе биде објавена. Имаме препораки за граѓаните и за институциите, без оглед дали се здравствени или образовни и сега е до нас да направиме сè овие три случаи не станат повеќе случаи. Сите треба да бидеме со зголемена претпазливост, и градинките и училиштата. Апелирам до родителите, како што не треба да ги носат децата во чекална во здравствена установа, ако се појави зголемена температура, црвенило на очите, осип, така да не ги носат и во градинките. Има доволно вакцини, имаме 14.000 вакцини на залиха што се во моментов достапни. Имаме можност за зголемување на количините. Минатиот пат кога се прогласија епидемии се употребени околу 50.000 вакцини, генерално затоа што има големо заостанување од претходни генерации – додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање пред панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СО „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГОВАРАШЕ ЗА МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ Во фокус

02/11/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите

02/11/2026
Македонија

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Вакцинирајте се, а ако

02/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЈА СЛЕДЕЛ И ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ Кривична пријава за

02/11/2026
Македонија

ДОШОЛ СО БОЛКИ, НО ЛЕКАРОТ НЕ САКАЛ ДА ГО ПРЕГЛЕДА

02/11/2026
Македонија

НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ Охриѓанка пријавена за

02/11/2026
Македонија

ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46517
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното прептријатие нема да наплаќа

02/11/2026

Битолчани на 4 ноември, кога градот го одбележува Денот на ослободувањето, ќе можат бесплатно да ги паркираат своите возила на

МИЦКОСКИ СО „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГОВАРАШЕ ЗА МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ Во фокус АИ во медицината, паметни градови

02/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска разговарал со раководството на „Дојче телеком“ за можни инвестиции во дигиталната трансформација на Македонија, вклучително и

РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите и волјата на граѓаните

02/11/2026

Стојанче Радичевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница, упати благодарност на сите за поддршката, довербата и за секој глас

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy